Странец препорачува топ 7 работи во Македонија за активен одмор

Од нуркање во Охридското Езеро до јавање коњи во Маврово и параглајдинг од Галичица, што препорачува Џејсон Кејн?

stranec-preporachuva-top-7-raboti-vo-makedonija-za-aktiven-odmor-001.jpg

Џејсон Кејн вели дека во Македонија ќе видите неверојатни пејзажи, ќе вкусите прекрасна храна и ќе уживате во убаво вино.

Планини кои се издигнуваат до небото, чисти езера и многу можности за зависниците од адреналин.

Какви активности препорачува тој во, како што вели, „Бисерот на Балканот“:

Искачување на Водно и кањонот Матка

На 15 минути од градот ви е планината Водно со добро одбележани патеки, зеленило и задолжително е искачување до Милениумскиот крст, еден од најголемите христијански крстови.

Имате панорамска слика на градот, а потоа мора да продолжите кон Матка, каде ќе истражувате стари манастири од кои некои изградени пред 17-тиот век.

stranec-preporachuva-top-7-raboti-vo-makedonija-za-aktiven-odmor-04.jpg

Кајакарење на Матка, во Охрид и Преспа

Прекрасната боја на водата и карпите околу ќе ви дадат неверојатно доживување додека кајакарите на Матка.

Инаку, ако сакате забава на вода треба да ги посетите и Охридското и Преспанското Езеро каде ќе можете да се возите со бротче или да се забавувате во водени спортови.

stranec-preporachuva-top-7-raboti-vo-makedonija-za-aktiven-odmor-08.jpg

Параглајдинг

За да ја доживеете природната убавина на Македонија од уникатна перспектива одлучете се за параглајдинг и скокнете од 2.254 метри надморска височина од Галичица.

Ќе уживате во глетката кон двете езера, кон блиските села и шумата.

stranec-preporachuva-top-7-raboti-vo-makedonija-za-aktiven-odmor-01.jpg

Нуркање кај Заливот на Коските во Охрид

Ако сакате епско искуство и истражување на подводниот свет, нуркајте во Охридското Езеро.

Инаку, Заливот на Коските е одлична реконструкција на праисториска наколна населба.

stranec-preporachuva-top-7-raboti-vo-makedonija-za-aktiven-odmor-07.jpg

Јавање коњи

Излезе од градовите и јавајте коњи во Маврово. Запознајте се со локалците и со нивните традиционални рецепти. Почувствувајте ја поврзаноста со природата.

stranec-preporachuva-top-7-raboti-vo-makedonija-za-aktiven-odmor-09.jpg

Скијање

Во Македонија има одлични ски терени и за почетниците и за поискусните.

Посетете ја Попова Шапка, а и највисокиот град во Македонија Крушево, кој се наоѓа на 1.350 метри.

stranec-preporachuva-top-7-raboti-vo-makedonija-za-aktiven-odmor-05.jpg

Возење велосипед по планинските патеки

Ова ќе биде рајско игралиште за вљубениците во велосипедизмот. Возете на Шар Планина, Галичица и Маврово.

Ќе видите прекрасни пејзажи до планинските врвови. И не заборавајте да дегустирате во Демир Капија.

stranec-preporachuva-top-7-raboti-vo-makedonija-za-aktiven-odmor-06.jpg

Оригиналната статија прочитајте ја тука!

С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2024 како од бајка – кога да ги посетите? Божиќниот пазар во Будимпешта е избран за најдобар за 2024 кој ќе вреди да го по...
Ова е Македонија: Караџица е како сцена од есенска бајка (фото) Караџица периодов е обоена во најубавите есенски тонови и буквално изгледа како ...
Топ 8 европски дестинации, за патувачи кои ја сакаат зимата, а не скијаат Зимско бегство во Златибор, или уживање во луксуз во Цермат, Швајцарија, но и во...
Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
9 европски дестинации каде и во рана есен е уште топло Од Кипар до Анталија, постојат повеќе места каде може да отидете на есенско пату...
Бев на градска плажа во Дојран – Како си поминав и како се движат цените годинава? Температурата на водата е исклучително топла, но пак успеавме да се разладиме. Ц...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg