Што крие праисториската населба во Охридското Езеро? Репортажа за Заливот на коските и неговите длабочини

Сите сме свесни дека на почетокот на август Охрид беше преполн со туристи, домашни и странски, некои од нив лудо се забавуваа на Ohrid Calling, некои не излегуваа од езерото, кое за чудо беше навистина топло и се „печеа“ на сонцето. А, една значително помала група, главно странски државјани беа препуштени на истражување на Самуиловата Тврдина, Соборниот храм на Охридската Архиепископија, црквата „Св. Јован – Канео“... и уште една долга листа на интересни знаменитости.

shto-krie-praistoriskata-naselba-vo-ohridskoto-ezero-reportaza-za-zalivot-na-koskite-i-negovite-dlabocini_5.jpg

За време на мојот последен престој во Охрид одлучив да го посетам Заливот на коските. Иако имав слушнато доста примамливи приказни поврзано со овој археолошки локалитет на праисториска населба на полуостровот и автокампот Градиште, дури пред некој ден моите нозе стапнаа на неговото тло.

Дента беше премногу жешко, мојата љубопитност не можеше да се смири сé додека купениот билет не ме спроведе во внатрешноста на музејскиот комплекс, кој е наречен и Плоча Миќов Град.

Пред да се зачекорам на дрвената платформа, поминав низ објектот каде што се чуваат најдените артефакти и еден кул кафе-бар со поглед вперен во праисториската населба.

Во некој учебник по историја имав прочитано дека ваквите населби на Охридското Езеро се појавиле во времето кога почнале да се формираат племенски популации, или да бидам поконкретен, со појавување на Бригите, како една од најстара племенска заедница на овие простори.

Знаев дека вакви надводни живеалишта биле карактеристични за праисторискиот период, поточно во младото камено доба, како и во бакарното доба и железното време. Самата помисла дека бев дел од еден простор, чие постоење датира векови и векови наназад ми овозможи да се соединам со целото опкружување, и како никогаш порано да го вдишам во себе  светот што некогаш постоел.

shto krie praistoriskata naselba vo ohridskoto ezero reportaza za zalivot na koskite i negovite dlabocini 1

Интересно е тоа што на оваа надводна населба, која стоела на дрвени колци, имало околу 60-тина живеалишта, барем така велат досегашните извори и се простирала на површина од неколку илјади метри квадратни.

На платформите се наоѓале домовите на праисториските луѓе, а платформите со брегот биле поврзан со подвижен мост. Како и што е логично, луѓето од овие предели се занимавале со лов, риболов и земјоделство.

shto krie praistoriskata naselba vo ohridskoto ezero reportaza za zalivot na koskite i negovite dlabocini 4

Додека шетав по дрвената платформа од еден постар посетител кој фотографираше галеби дознав дека во 1977 година биле извршени првите подводни истражувања на територија на Македонија, каде Заливот на коските на длабочина од три до пет метри на археолозите им понудил голем број на керамички садови, некои биле цели, а другите фрагментирани.

Камени артефакти, делови од животински коски, како на пример еленски рогови, различни орудија биле најдени во длабочините на Охридското езеро.

shto krie praistoriskata naselba vo ohridskoto ezero reportaza za zalivot na koskite i negovite dlabocini 2

Извлеков колку што е можно повеќе информации за локалитетот, влегов во секоја од 24 реконструирани праисториски куќи и на заминување со соочив со зајдисонцето, кое ме испрати и ме натера да си ветам дека во блиска иднина повторно ќе го посетам Охрид и ќе ги истражувам неговите мистерии.

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 места низ Македонија каде може да се разладите покрај река на горештините Македонија изобилува со природни убавини, а реките и водопадите се идеално место...
Скриени места во Европа што вреди да се посетат (пред сите да дознаат за нив) Ако сте од оние луѓе на кои им пречи метежот на познатите дестинации, тогаш овие...
Предлог зимска дестинација во Македонија: Нижеполе изгледа како снежна бајка Доколку сакате да се релаксирате, да уживате во топол чај со прекрасна глетка ил...
Ненеци, народ кој живее „на работ на светот“: Јадат месо од ирваси, преживуваат и на -50°C Секое семејство има по еден ирвас „домашен миленик“. А ирвасите им нудат на Нене...
Гратче во Италија со куќички како од бајка - Зошто да го посетите Алберобело? Кога ќе прошетате низ тесните улички и ќе ги погледнете белите куќи со конусни п...
Обичаи при посета на манастирот Острог во Црна Гора - што треба да понесете и како да се однесувате? Во манастирот не се доаѓа со голи раце и нозе. Верниците ги оставаат своите личн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg