Фото-прошетка низ островот кој е прогласен за најубав во светот за 2018
Најубавите острови во светот обично секоја година се бираат по речиси идентични стандарди – ситен песок, тиркизна вода и многу палми. Но, оваа година еден остров го поби стереотипот за оваа егзотична формула.
Победата базирана на активности, природни убавини, плажи, разновидна храна и пријателски настроени жители, ја понесе островот Јава кој се наоѓа во Индонезија.
Ентузијастите кои обожаваат да патуваат и да го откриваат светот велат дека тука ќе пронајдете авантура многу поголема, отколку на веќе прочуените Хаваи, Бора Бора или Тахити.
Островот Јава е срцето на Индонезија и е дом на 141 милион на луѓе.
Неговите моќни водопади, вулкани, долгогодишни традиции, како и фотогеничните шуми го избија на врвот на листата.
Зад него на листата останаа Бали, Малдиви, Маурициус, Парос, Галапагос...
Кратка фото-прошетка низ Јава, која го оправдува победничкото место за 2018-та година:
М. Д. | Црнобело