Со каков сувенир треба да се вратите од секоја земја што ќе ја посетите?

Многу често кога планираме патување, планираме кои места ќе ги посетиме, која храна ќе ја вкусиме и каква фотка за на Инстаграм ќе направиме. Сепак, забораваме на еден важен момент – споменот кој ќе го донесеме дома.

so-kakov-suvenir-da-se-vratite-od-sekoja-zemja-sto-ke-ja-posetite-001.jpg

Факт е дека нема поубав спомен од доживувањето, но некои сувенири и ситници може засекогаш да ви ги будат тие доживувања и сеќавања.

Па, со каков сувенир треба да се вратите од Италија, а со каков од Тајланд?

Италија

Добро познатата комбинација на паста и вино е она без кое не смее да се вратите дома.

so-kakov-suvenir-da-se-vratite-od-sekoja-zemja-sto-ke-ja-posetite-01.jpg

Во последно време, хит стануваат и украсните престилки со дезени.

so-kakov-suvenir-da-se-vratite-od-sekoja-zemja-sto-ke-ja-posetite-02.jpg

Велика Британија

Ќесички и сетови за чај е она без што не смее да се вратите дома. Апсорбирајте ја традицијата преку пар шолји за чај.

so-kakov-suvenir-da-se-vratite-od-sekoja-zemja-sto-ke-ja-posetite-03.jpg

Втора опција се и козметичките производи за бањање на природна база.

so-kakov-suvenir-da-se-vratite-od-sekoja-zemja-sto-ke-ja-posetite-04.jpg

Поради променливата клима, во Велика Британија секој турист треба на себе да има марама која може да послужи за повеќе намени. Па, купете една прекрасна марама таму и зачувајте ја и за дома.

Франција

Франција е земјата на опојните мириси, па оттаму би требало да се вратите со оригинален, препознатлив парфем.

so-kakov-suvenir-da-se-vratite-od-sekoja-zemja-sto-ke-ja-posetite-05.png

Солените карамели се необична ситница која нема да ве остави рамнодушни. Може и да ги подарите на блиските, па за момент да им ја пренесете француската атмосфера и кујна.

so-kakov-suvenir-da-se-vratite-od-sekoja-zemja-sto-ke-ja-posetite-06.jpg

Calvados е бренди од јаболка кое традиционално се произведува во Франција. Па, ако повеќе сакате да потрошите пари на нешто вкусно, отколку на сувенир и магнет, ова е правиот избор.

Шведска

Дала коњчето е национален симбол на Шведска, па ако навистина сакате нешто оригинално – нема да погрешите со овој сувенир.

so-kakov-suvenir-da-se-vratite-od-sekoja-zemja-sto-ke-ja-posetite-07.jpg

Во Шведска ќе најдете слатки, чоколади и десерти какви не сте ни знаеле дека постојат. На пример, Marabou е чоколадото со карамела и кикирики кое мора да го пробате, па и да понесете неколку за дома.

so-kakov-suvenir-da-se-vratite-od-sekoja-zemja-sto-ke-ja-posetite-08.jpg

Шпанија

Уште една земја полна со вкусна храна и оригинална кујна, од која го издвојуваме месото кое е потопено во сол 21 дена, потоа сушено на суво место и по 18 месеци е подготвено за јадење. Jamon е името на овој специјалитет.

Вкусната паеља не можете да ја понесете дома, но можете да купите оригинална тава во која ќе го усовршите рецептот.

so-kakov-suvenir-da-se-vratite-od-sekoja-zemja-sto-ke-ja-posetite-09.jpg

Мексико

Дезенираниот дрвен череп не делува воопшто морничаво доколку го донесете од Мексико. Тука е феномен што толку многу манифестации се поврзувани со овој симбол, па веќе не делува страшно, туку бесмртно.

so-kakov-suvenir-da-se-vratite-od-sekoja-zemja-sto-ke-ja-posetite-10.jpg

Данска

Дрвените животни и креации се класичен дански дезен. Најистакнат е дрвениот мајмун.

so-kakov-suvenir-da-se-vratite-od-sekoja-zemja-sto-ke-ja-posetite-11.jpg

Јапонија

Музичкиот инструмент и украс наречен furin може да биде направен од метал, глина, дрво, порцелан или стакло и го има во буквално секоја куќа во Јапонија. Па, зошто не би го имало и во вашата како спомен?

so-kakov-suvenir-da-se-vratite-od-sekoja-zemja-sto-ke-ja-posetite-12.jpg

Maneki-neko - мачката со една поткрената шепа има посебно значење. Се верува дека привлекува среќа и просперитет.

so-kakov-suvenir-da-se-vratite-od-sekoja-zemja-sto-ke-ja-posetite-13.jpg

Тајланд

Кокосовото масло од Тајланд е едно од најквалитетните во светот.

so-kakov-suvenir-da-se-vratite-od-sekoja-zemja-sto-ke-ja-posetite-14.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Живеев во Дубаи и го мразам – сите, освен богатите мажи, се третирани како предмети“ „Гледав мажи кои шетаат со три по сопруги кои изгледаа мизерно. Ме бомбардираа с...
Места во Македонија кои ми недостигаат: Селото во кое израснав, манастирот кој ми носи мир Кога подолго време не живееш во родната земја често ќе се најдеш во ситуацијата ...
Топ 10 плажи во Италија за оние кои сакаат филмски одмор Плажа помеѓу карпи, во шармантни италијански градови или под брдести селца со гр...
Паролдо: Вошебно италијанско село во кое се верува дека живеат вештерки (фото) Паролдо има околу 230 жители, а постојат легенди дека во волшебното село живееле...
Најпознатите (и најзначајните) градби ширум светот Пирамидите во Египет се како симбол на древен Египет кој ја покажува моќта, но и...
Европски пролетни дестинации со евтини летови од Скопје Брисел, Франкфурт, Милано... Каде сакате да одите оваа пролет? Брисел, Франкф...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg