6 предупредувања за странските туристи пред посетата на Грција
Од прекрасни плажи, богата историја и вкусна храна Грција има многу плусови во очите на туристите, но кои се советите пред поаѓање?
Грција веќе со години е светска хит дестинација за летување на луѓе од целиот свет.
Ние веќе добро знаеме што ни се нуди и што не очекува таму. Но, какви совети добиваат туристите пред посетата на оваа земја?
Предупредувања за странските туристи пред посетата на Грција:
1. Бидете подготвени дека се пуши во некои затворени локали, иако во Грција стапи на сила закон против пушењето во 2010 година. Но, ако одите во лето и да сте непушачи, нема да ви биде проблем, како што би ви било во зима, со оглед на локалите од отворен тип.
2. Не паничете поради можните пропусти во организацијата, како доцнење на јавен превоз и поместување на терминот на поаѓање на траектот, тоа е можно, но на крајот ќе испадне во ред.
3. Не се изненадувајте ако видите нелегално паркирани автомобили на улица или тротоар.
4. Не очекувајте дека Грците ќе ве ограбат, освен можеби некое евро плус за такси превозот или сметката за пијалаци.
5. Не очекувајте дека насекаде ќе гледате историски споменици, и покрај богатата хеленска култура, дури и во Атина ги има само на одредени делови, додека други делови од градот се модернизирани.
6. Не јадете брза храна затоа што традиционалната грчка храна е превкусна и мора да пробате суфлаки, мусака, баклава и грчка салата.
Прочитајте и 7 работи кои не смеете да ги правите кога сте во Грција!
С. С.| Црнобело