Што добивате кога ќе нарачате бургер во различни земји во светот?
Нов Зеланд
Во рестораните на McDonald’s во Нов Зеланд може да се најде „киви бургер“, кој се состои од плескавица од говедско месо, јајце, цвекло, домат, марула, кашкавал, кромид, сенф и кечап во сендвич лепче.
Индија
Пржени индиски дамплингс во посебно лепче за сендвич, вообичаено прелиено со зачинети и лути сосови и кромид.
Турција
Во ресторанот на популарниот Salt Bae, може да се најде огромен бургер со голема плескавица прелиен со многу кашкавал, кој се служи пресечен на пола, а деловите каде е пресечен исто така се печени на скара.
Словенија
Овде типичен бургер се состои од говедска плескавица, кашкавал, марула, сланина и кромид, прелиено со барбекју сос.
САД
Во САД може да се најдат толку многу различни и невообичаени форми на бургер, а една од нив е ова сендвич лепче со плескавица, полнето со „mac ‘n’ cheese“.
М. М. | Црнобело