Што добивате кога ќе нарачате бургер во различни земји во светот?
Иако кога ќе помислите на бургер, помислувате на вообичаено сендвич лепче со плескавица и можеби неколку додатоци, сепак идејата за бургер е различна во земјите низ светот.
Секако дека во речиси секоја земја постои стандардниот бургер, но сепак во повеќето од нив има некоја традиционална верзија на бургер по која се познати земјите и рестораните.
Па така, очекувано, во Германија лепчето е „полнето“ со колбаси наместо со плескавица, а во Индија со дамплингс.
Во продолжение, погледнете какви алтернативи на бургер може да најдете во земјите низ светот според корисниците на социјалните мрежи кои сe пофалиле со „специјалитети“ во својата земја:
Малезија
Лепче со плескавица замотана во пржено јајце со кашкавал.
Финска
Тука може да се најде бургер од месо од ирвас, кој често се служи со џем од дива брусница.
Пакистан
Плескавица направена од говедско месо, традиционален индиски Chutney сос, кромид на скара и домати, сервирана со јајце на сендвич лепче.
Чиле
Месо на скара, кое во Латинска Америка се нарекува churrasco, домати, пасирано авокадо и мајонез, сервирано во сендвич лепче со помфрит.
Германија
Има ли подобро од долго сендвич лепче, со неколку тенки колбаси, сенф и кромид?