10 места во Шкотска каде може да преспиете бесплатно

Сите ние кои сакаме да патуваме знаеме колку тешко тоа му паѓа на нашиот паричник. Трошоците за пат, сместување, храна можат значително да се соберат и за жал не секогаш сме во можност да го реализираме патувањето.

10_mesta_kade_moze_da_prespiete_vo_skotska_potpolno_besplatno_01.jpg

Доколку сакате да ја посетите прекрасната Шкотска со неверојатната природаm тогаш тоа можете да го реализирате со многу малку пари.

Сè што ви е потребно е да си обезбедите патни трошоци и се разбира финансии за храна, но заборавете на трошоците за сместување.

Ова е листа од 10 места во Шкотска каде може да преспиете потполно бесплатно.

1. Малата колипка во Кејп Врат

Оваа колипка е сместена во залив и е на идеална локација. Таа е под сопственост на министерството за одбрана и е потполно бесплатна за користење.

10_mesta_kade_moze_da_prespiete_vo_skotska_potpolno_besplatno_02.jpg

2. Пиварата Блек Ајл во Монлох

Оваа пријателска и органска пивара нуди бесплатно сместување и пиво доколку не ви смета да понудите мала помош.

10_mesta_kade_moze_da_prespiete_vo_skotska_potpolno_besplatno_03.jpg

3. Хилсвик засолниште за диви животни

Ова засолниште за диви животни е сместено во куќа стара преку 400 години. Сопствениците се грижат за стотици животни преку текот на годината и обезбедуваат бесплатно сместување за сите волонтери.

10_mesta_kade_moze_da_prespiete_vo_skotska_potpolno_besplatno_04.jpg

4. Фармата Крем О Галавеј

Оваа млечна фарма нуди бесплатно сместување, оброк и најдоброто од сè е бесплатниот сладоед доколку не ви пречи да помогнете во грижата за нивните крави.

10_mesta_kade_moze_da_prespiete_vo_skotska_potpolno_besplatno_05.jpg

5. Планинската колипка Corrour 

Оваа колипка не е ништо посебно, но ви нуди бесплатно сместување. Таа е во сопственост на Британска хуманитарна организација.

10_mesta_kade_moze_da_prespiete_vo_skotska_potpolno_besplatno_6.jpg

6. Фармата Corry

Оваа неверојатна органска фарма ви нуди бесплатно сместување доколку помогнете со нивната малечка продавница за кафе.

10_mesta_kade_moze_da_prespiete_vo_skotska_potpolno_besplatno_07.jpg

7. Замокот Блер

Овој замок е навистина огромен и на сопствениците често им е потребна помош во одржувањето. Доколку сте спремни да помогнете и да извршувате некој ситни поправки и задачи ќе си заработите бесплатен престој и храна.

10_mesta_kade_moze_da_prespiete_vo_skotska_potpolno_besplatno_08.jpg

8. Приватниот Остров Скалпеј (Scalpay)

Овој остров е во приватност на шкотска фамилија и е составен од историската куќа Скалопеј како и 4 други колипки. Тие нудат бесплатен престој.

10_mesta_kade_moze_da_prespiete_vo_skotska_potpolno_besplatno_09.jpg

9. Колибата Камасунари (Camasunary)

Оваа колиба е една од најпопуларните во Шкотска. Скоро реновирана ви нуди престој потполно бесплатно.

10_mesta_kade_moze_da_prespiete_vo_skotska_potpolno_besplatno_10.jpg

10. Royal Mile Backpackers хотел

За само 14 часа неделно чистење и помош во одржување на хотелот, сопствениците ќе ви дозволат да останете во една од собите за послугата бесплатно.

10_mesta_kade_moze_da_prespiete_vo_skotska_potpolno_besplatno_11.jpg

Што мислите би останале ли една вечер во овие места?

К. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ненеци, народ кој живее „на работ на светот“: Јадат месо од ирваси, преживуваат и на -50°C Секое семејство има по еден ирвас „домашен миленик“. А ирвасите им нудат на Нене...
Места во Македонија кои ми недостигаат: Селото во кое израснав, манастирот кој ми носи мир Кога подолго време не живееш во родната земја често ќе се најдеш во ситуацијата ...
Безброј светилки, многу тезги со храна и подароци: Брисел е волшебен во празничната сезона И оваа година, божиќниот маркет во Брисел е сместен во самото срце на градот, и ...
10 причини да го посетите грчкиот остров Крф Богата историја со многу знаменитости, архитектура во венецијански стил која ќе ...
Локал близу IKEA во Солун со коктел бар, плажа и детско игралиште - за со друштво или со деца (фото)... На излезот од Солун, во близина на IKEA се наоѓа Ergon Agora, уникатен локал кој...
4 острови во Грција кои вреди да се посетат во септември Ако сè уште не сте го поминале летниот одмор и размислувате да го реализирате во...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg