Фотки кои ќе ве убедат да ја замените плажата со планина ова лето
Кога станува збор за летен одмор, тогаш најчесто се работи за одмор на плажа, море или евентуално некое од нашите езера.
Ретко кој од нас помислува да ја замени оваа дестинација со одмор на планина. Но, ваквиот одмор може да има уште поголеми предности од одморот на плажа.
Со одмор на некоја прекрасна планина со неверојатна шума и природа, дефинитивно ќе ги наполните батериите за цела година. Не само што ќе уживате во сонцето, туку и ќе се освежите на чист воздух без да се „печете“ на топлото сонце.
Доколку сте љубители на активен одмор, тогаш дефинитивно нема да ви недостасува пливањето бидејќи ќе можете да го замените со неверојатни прошетки низ прекрасни предели.
И ако сето ова не успеа да ве убеди да ја замените плажата со планина, следните фотографии сигурно ќе ве убедат:
К. Д. | Црнобело