Сите сонуваме за еден ваков летен одмор на Родос (фото)
Сместен помеѓу грчкото копно и Кипар, сосема блиску на запад од брегот на Анадолија во Турција, Родос е остров кој крие бескрајни убавини.
Најголемиот од островите на Додеканезите во поглед на копнената површина и бројот на население е воедно дом на еден од најстарите и најдобро зачуваните средновековни градови во Европа.
Невозможно е да се сумира Родос во само неколку реченици. Ќе откриете толку многу различни работи и ќе сфатите дека сосема си го оправдува епитетот „моќен спој на контрасти“.
Доколку имате истенчен вкус како турист кој сака да ужива во луксуз, вистинскиот избор за вас е Каса Кук (Casa Cook).
Цените на бунгаловите и апартманите започнуваат од 387 до 645 евра за една вечер со вклучен појадок или полупансион.
Доколку се прашувате како изгледа толку скап луксуз, фотките се и повеќе од доволни наместо илјада зборови.
Кој не би сакал да одмори во ова мало парче рај на Родос? Сите заслужуваме по еден ваков одмор од соништата:
(О)Милена | Црнобело