9 најчести грешки кои може да ви го уништат одморот

Идејата за идеално патување и одмор за секој е различна – некој сака да ужива покрај плажа, друг да истражува големи градови, а трет да ја искуси природата на планините.

9-najchesti-greshki-koi-mozhe-da-vi-go-unishtat-odmorot-01.jpg

Како и да е, независно од искуството кое сакате да го доживеете на патувањето, секогаш се случуваат непосакувани и неочекувани грешки кои може да го уништат одморот.

Па, за во иднина да не ви се случуваат такви проблеми, добро е да знаете неколку совети кои ќе ви помогнат да избегнете неволји.

Грешки кои не треба да ги правите за одморот да ви биде незаборавен:

Грешка бр.1 – Погрешно штедење пари за билети

Понекогаш е добро да не патувате со директна линија, но пред да купите билети, добро е да ги пресметате однапред сите дополнителни трошоци.

На пример, автобуски билет до аеродром може да биде поскап од самиот лет (со евтини компании).

Понекогаш, можеби ќе мора да фатите такси, а ако има многу чекање помеѓу два лета, можеби ќе треба да платите и соба за преспивање.

На крај, финалната сума нема да ви изгледа воопшто привлечна, па затоа е добро да ги споредите цените со целосните трошоци, а не само за билетот.

Така, директниот лет може да ве чини 200 евра, а менувањето на летови 150, но со сите дополнителни трошоци, може и да ги надминете првичните 200 евра, а плус да се измалтретирате.

9-najchesti-greshki-koi-mozhe-da-vi-go-unishtat-odmorot-02.jpg

Грешка бр.2 – Не ги почитувате правилата и обичаите на земјите во кои патувате

Мора да бидете свесни за правилата и обичаите во земјите, за да немате проблеми.

Така на пример, два свиткани прста, во Турција се сметаат за навреда, а ако имате гума за џвакање и ја фрлите доле во Сингапур, може да бидете казнети.

Во Арапските земји пак, ќе бидете многу засрамени ако облечете шорцеви и кратка маичка, дури и кога ви е најтопло.

Затоа најдобро е да се запознаете со правилата во земјите кои ги посетувате и почитувајте ги нивните обичаи исто така.

Грешка бр.3 – Го одложувате купувањето сувенири за последен ден

За многумина клучен дел од патувањето е купување по некоја ситница за блиските, но повеќето тоа го оставаат за последниот ден.

Па така, наместо да уживате во последните моменти од одморот, вие трчате наоколу и трошите време на барање сувенири.

Затоа, во иднина, уште кога ќе пристигнете, ако најдете нешто што ви се допаѓа, купете го веднаш, не оставајте на крај да биде хаотично.

9-najchesti-greshki-koi-mozhe-da-vi-go-unishtat-odmorot-03.jpg

Грешка бр.4 – Премногу се сликате

Желбата да имате што повеќе фотки од патувањата е сосема нормална, но понекогаш може да се претера непотребно.

Како резултат на тоа, трошите премногу време и енергија обидувајќи се да направите совршена слика и немате можност да се посветите повеќе на она што се случува околу вас.

Затоа, трудете се да го тргнете апаратот или телефонот настрана и да уживате во атмосферата.

9-najchesti-greshki-koi-mozhe-da-vi-go-unishtat-odmorot-04.jpg

Грешка бр.5 – Одите во ресторани и кафулиња покрај популарни знаменитости

Сосема е нормално во деловите кои се познати туристички атракции да биде поскапо, па затоа избегнувајте да седнувате во локали и да купувате работи во нивна околина.

Цената драстично се разликува, а може да пробаме интересни јадења, пијалаци и во помирни делови.

Доволно е да прошетате низ популарните знаменитости, а да заштедите непотребни трошоци.

Грешка бр.6 – Погрешно друштво

Патувањето во големи друштва може да биде забавно искуство, но со еден услов – ако буквално сите го очекуваат и сакаат истото од патувањето.

Но, ако секој има различни интереси, одморот може да се претвори во вистински ужас, а никој нема да си помине како што замислувал.

Затоа, пред да го договорите патувањето, прво договорете ги однапред сите останати работи кои ќе се случуваат таму за да нема недоразбирања.

Најдобро е да одберете мала група на луѓе со слични интереси, а некогаш е одлично искуство да патувате и сами доколку е безбедно.

9-najchesti-greshki-koi-mozhe-da-vi-go-unishtat-odmorot-05.jpg

Грешка бр.7 – Патувате без здравствено осигурување

Здравственото осигурување го занемаруваат многу туристи, со оглед на тоа што за среќа, можеби никогаш не им затребало, па сметаат дека не е страшно ако го заборават или „прескокнат“.

Сепак, понекогаш навистина може да ви биде потребно и да ви заштеди многу пари во итни ситуации, а за да го извадите не ви треба многу време, ниту пак е голем трошок.

9-najchesti-greshki-koi-mozhe-da-vi-go-unishtat-odmorot-06.jpg

Грешка бр.8 – Ги ставате сите работи во багажот

Ако патувате со авион, шансите да се изгуби куферот низ лента се мали, но сепак постојат.

Затоа, доколку имате рачен багаж и плус уште еден куфер, обидете се да ги сортирате работите по приоритет.

Во рачниот багаж ставете ги сите важни работи и плус нешто за пресоблекување доколку ви е потребно кога ќе пристигнете.

Сите останати работи нека бидат во другиот куфер кој ќе ви го „сместат“ вработените некаде во авионот.

9-najchesti-greshki-koi-mozhe-da-vi-go-unishtat-odmorot-07.jpg

Грешка бр.9 – Затворени сте во комфор зоната

Дури и на патувањата луѓето често си поставуваат лими и граници – постојано одат на истото место на одмор, се плашат да одат на независно патување без туристичка агенција или во нов град не сакаат да одат низ центарот.

Не се грижете за ништо, едноставно правете сè што можете, пробувајте локална кујна, искусете ги местата најдобро што можете и не се плашете да истражувате нови работи.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
Топ 10 плажи во Италија за оние кои сакаат филмски одмор Плажа помеѓу карпи, во шармантни италијански градови или под брдести селца со гр...
5 најубави кампови на Халкидики, идеални за семеен одмор или летување со друштво Ако досега никогаш не сте летувале во камп, ви препорачуваме 5 кампа кои се наоѓ...
4 острови во Грција кои вреди да се посетат во септември Ако сè уште не сте го поминале летниот одмор и размислувате да го реализирате во...
5 знаци дека сте избрале погрешен ресторан на одмор (и ќе зажалите за тоа) Бегајте од ресторани пред кои келнерите стојат и ве канат и обрнете внимание на ...
Топ 8 најубави плажи на Пелопонез - со ситен песок и кристално чисто море Освен многуте археолошки пронаоѓалишта, историски знаменитости и атракции кои ну...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg