Португалските Азори се единствената дестинација која ви е потребна ова лето

Што би сакале да правите на еден одмор? Секако, да се бањате и сончате. Можеби да прошетате низ прекрасни паркови и градини. Да гледате пејзажи кои го одземаат здивот, да се испробате во некоја од авантурите на вода.

Portugalskite-Azori-se-edinstvenata-destinacija-koja-vi-e-potrebna-ova-leto-01.jpg

Да вкусите прекрасна храна и локални пијалаци, да танцувате до раното утро додека ве држат нозете.

Сето ова, вклучувајќи и природни резервати, музеи, културолошки центри и многу повеќе го нудат 9-те острови – на запад Флорес и Корво, во средината Грасиоза, Теркеира, Сао Жорге, Пико и Фајал, и Сао Мигел и Санта Марија на исток.

Станува збор за Азорските Острови или скратено Азори се португалски острови во северниот дел на Атлантски Океан, околу 1.500 km западно од брегот на Европа, т.е. од копнениот дел на Португалија.

На мапа, островите се одвај видливи. Но, доколку зумирате поблиску до Азорските Острови ќе го забележите малиот архипелаг од девет острови.

Фасцинантните природни пејзажи се само дел од обележјето на Азорските Острови кои се означени со вулкански планински врвови и мали селски калдрми.

Оваа дестинација е совршена за секој патник кој ужива во чувството на непозната територија.

Во голема мера Азорите се сè уште прилично неоткриено подрачје. Но, посетата на Азорските острови значи повторно поврзување со природата. Ќе уживате во пливање, пешачење, посетата на геотермални топли извори или едноставното набљудување на кит и пливањето на делфини.

Можеби ќе ви делува изненадувачки, но Азорските Острови се лесно пристапни - и исто така прифатливи според цените.

До меѓународниот аеродром Понта Делгада на островот Сао Мигуел ве дели двочасовен лет од Лисабон, главниот град на Португалија, а превозот со нискобуџетните локални превозници билетот чини околу 40 долари.

Достапни се и специјални пакети кои им овозможуваат на патниците да се движат помеѓу неколку острови на истото патување, со авионска карта и вклучено сместување.

Нема потреба од повеќе размислување, истражете и нека вашето следно патување бидат Азорите. Погледнете зошто:

Portugalskite-Azori-se-edinstvenata-destinacija-koja-vi-e-potrebna-ova-leto (20).jpg

Portugalskite-Azori-se-edinstvenata-destinacija-koja-vi-e-potrebna-ova-leto (19).jpg

Portugalskite-Azori-se-edinstvenata-destinacija-koja-vi-e-potrebna-ova-leto (18).jpg

Portugalskite-Azori-se-edinstvenata-destinacija-koja-vi-e-potrebna-ova-leto (17).jpg

Portugalskite-Azori-se-edinstvenata-destinacija-koja-vi-e-potrebna-ova-leto (16).jpg

Portugalskite-Azori-se-edinstvenata-destinacija-koja-vi-e-potrebna-ova-leto (15).jpg

Portugalskite-Azori-se-edinstvenata-destinacija-koja-vi-e-potrebna-ova-leto (14).jpg

Portugalskite-Azori-se-edinstvenata-destinacija-koja-vi-e-potrebna-ova-leto (13).jpg

Portugalskite-Azori-se-edinstvenata-destinacija-koja-vi-e-potrebna-ova-leto (12).jpg

Portugalskite-Azori-se-edinstvenata-destinacija-koja-vi-e-potrebna-ova-leto (11).jpg

Portugalskite-Azori-se-edinstvenata-destinacija-koja-vi-e-potrebna-ova-leto (10).jpg

Portugalskite-Azori-se-edinstvenata-destinacija-koja-vi-e-potrebna-ova-leto (8).jpg

Portugalskite-Azori-se-edinstvenata-destinacija-koja-vi-e-potrebna-ova-leto (7).jpg

Portugalskite-Azori-se-edinstvenata-destinacija-koja-vi-e-potrebna-ova-leto (6).jpg

Portugalskite-Azori-se-edinstvenata-destinacija-koja-vi-e-potrebna-ova-leto (4).jpg

Portugalskite-Azori-se-edinstvenata-destinacija-koja-vi-e-potrebna-ova-leto (3).jpg

Portugalskite-Azori-se-edinstvenata-destinacija-koja-vi-e-potrebna-ova-leto (2).jpg

Portugalskite-Azori-se-edinstvenata-destinacija-koja-vi-e-potrebna-ova-leto (1).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ненеци, народ кој живее „на работ на светот“: Јадат месо од ирваси, преживуваат и на -50°C Секое семејство има по еден ирвас „домашен миленик“. А ирвасите им нудат на Нене...
„Песок мек како брашно, тиркизна вода“ – Најубавата плажа во Анталија, според српска патувачка блоге... „За да стигнете до плажата, морате да се спуштите по 200 скали, но вреди“ – вели...
4 европски острови кои вреди да ги посетите според Forbes: Хвар во Хрватска е на прво место Кои 4 европски острови вреди да се посетат според Forbes? Кои од нив се релативн...
Локал близу IKEA во Солун со коктел бар, плажа и детско игралиште - за со друштво или со деца (фото)... На излезот од Солун, во близина на IKEA се наоѓа Ergon Agora, уникатен локал кој...
Безброј светилки, многу тезги со храна и подароци: Брисел е волшебен во празничната сезона И оваа година, божиќниот маркет во Брисел е сместен во самото срце на градот, и ...
Бев на градска плажа во Дојран – Како си поминав и како се движат цените годинава? Температурата на водата е исклучително топла, но пак успеавме да се разладиме. Ц...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg