4 причини зошто Португалија да ви биде хит дестинација за ова лето
Неодлучноста знае да нè држи во неизвесност кога станува збор за тоа каде да го поминеме летото.
Веројатно со годините, жешките денови ги поминуваме на плажите во Грција, па зошто сега да не се направи некаква промена и да се открие нова дестинација, која претходно никогаш не е посетена.
Португалија, како што сите очекуваат и оваа година ќе биде хит дестинација за летово.
Самата помисла на Атлантскиот Океан, песочните плажи кои овозможуваат смирувачко зајдисонце, вкусната храна и специфичната архитектура ни ја разбранува нашата фантазија зошто знае дека португалските градови и села се слични на оние од бајките.
Во случај ако сé уште се двоумите, следуваат уште неколку причини зошто вашето следно патување да биде токму таму.
Главниот град на Португалија од 2010 година стана туристички епицентар, а оваа година својата атрактивност ќе ја докаже уште еднаш.
Романтичен, скромен, а истовремено луксузен и богат со призвук на фадо песни е дестинацијата наречена Лисабон.
Никогаш немој да заборавите да го посетите малиот град Синтра, опиен со шармантна миризба.
Оваа португалска одредница ќе ви открие стари замоци и палати слични на оние од филмови.
Порто ќе ви понуди уживање кое ќе ви ги задоволи сите ваши сетила.
Од морска храна до префинети вкусови на вино и погледи кои воодушевуваат.
На само 1.500 километри од Лисабон или авионски лет со траење од два часа, се наоѓаат Азорските Острови, познати како рајската градина на планетата земја.
Автор: Е. Х. | Црнобело