4 градови во Шведска кои вреди да се посетат, а не се Стокхолм и Гетеборг

Кога ќе се спомене Шведска веднаш на памет ни паѓаат градовите Стокхолм и Гетеборг, заборавајќи дека постојат уште еден куп градови вредни за посетување.

osven stokholm i geteborg treba da se posetat i ovie gradovi vo svedska 5

Сепак, десетте милиони Швеѓани добро се распределени на нивната територија и овозможува примамлива скандинавска перспектива. За нас Шведска претставува држава со висок стандард, мала стапка на невработеност, земја каде половина од нејзината површина е покриена со шума и поседува над 100.000 езера и 24.000 острови.

Во никој случај не треба да ги заборавам и викинзите, како едно од главните обележја на овој дел од светот. Оваа мирна држава, која не влегла во војна дури од 1814 година и заземала неутрални позиции секогаш ме мотивира да отседнам што е можно подолго и да се сладам со топчиња од месо, слушајќи ги нивните музички генијалци: ABBA и Europe.

Можеби, нам би ни пречело облачното време и сивилото што знае да се надвисне над луѓето, но човекот на сé се навикнува во животот. Затоа кога сонцето ќе изгрее забораваме на сé и слободно може да уживаме во моментот.

Во продолжение следува листа на градови кои би требало да ги посетите во Шведска доколку се најдете таму:

Упсала

Еден од најстарите градови во Шведска, кој денес претставува збирно место на студенти од целиот свет и ја поседува препознатливата Uppsala Domkyrka.

osven stokholm i geteborg treba da se posetat i ovie gradovi vo svedska 4

Хелсингборг

Град стар повеќе од 900 години, кој се наоѓа во близина на Малме и Копенхаген и кој во центар има 200 места со бесплатно Wi-Fi.

osven stokholm i geteborg treba da se posetat i ovie gradovi vo svedska 3

Вестерос

Во близина на Стокхолм, овој шведски град e познат по долгата велосипедска патека од 380 километри, град каде е основан модниот бренд H&M и каде има статуа од Исус изградена од 30.000 лего коцки.

osven stokholm i geteborg treba da se posetat i ovie gradovi vo svedska 1

Умео

Историски град каде во 1965 година е отворен петтиот најстар универзитет во Шведска, а универзитетската библиотека има над еден и пол милион книги. Ова е град, кој во 2014 година беше прогласен за Европска престолнина на културата.

osven stokholm i geteborg treba da se posetat i ovie gradovi vo svedska 2

Автор: Е. Х. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Европски пролетни дестинации со евтини летови од Скопје Брисел, Франкфурт, Милано... Каде сакате да одите оваа пролет? Брисел, Франкф...
Котор, Скопје: Градови кои имаат стари делови што зрачат со магија (и се совршени за есенска дестина... Старата скопска чаршија е како спој на разни култури и националности и до денес ...
Паролдо: Вошебно италијанско село во кое се верува дека живеат вештерки (фото) Паролдо има околу 230 жители, а постојат легенди дека во волшебното село живееле...
Фото-прошетка низ најголемата природна цветна градина во светот – има над 150 милиони цвеќиња, се на... Секоја нова сезона ја отвора вратата за свежи и возбудливи теми во „Miracle Gard...
5 најбезбедни европски градови (совршени за жени кои патуваат сами) Иако Италија е романтична дестинација, сепак, е одлично место и за сам...
12 причини зошто Данска е совршена земја за живот Скандинавските земји пленат со својата архитектура, начинот на живот, храната ко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg