Зошто Квинстаун во Нов Зеланд може да се прогласи за најкул град на светот? (фото)
Ова живописно гратче е совршено место за туристи, од вински лозја до релаксација во џакузи со поглед, нуди апсолутно сè.
На земјата има многу прекрасни места и некои од нив се толку неодоливи што ве тераат да се вратите таму повеќе од еднаш
И знаеме зошто би се вратиле повеќе во еднаш во Лондон и Париз, но сепак во трката за најкул град на светот влегува и еден не толку познат.
Дали сте слушнале за Квинстаун во Нов Зеланд? Гратчето е живописно, изградено околу езерото Вакатипу, долго езеро во облик на буквата „Ѕ“, и има спектакуларен поглед на околните планини.
8 причини зошто Квинстаун е неверојатен:
Вино – дел е од регионот Отаго, кој се смета за најјужниот вински регион во светот. Совршена клима, недогледни лозја и прекрасно вино.
Неверојатни пејзажи – Ридот Te Tapu-nui нуди неверојатен панорамски поглед на регионот.
Џакузи со поглед – Спа базени кои гледаат накај кањонот ќе ве пречекаат во Onsen Hot Pools.
Езерото Вакатипу – Најдолгото езеро во Нов Зеланд изгледа неверојатно и погледот на него е спектакуларен начин да се започне денот.
Банџи џампинг – Од мостот Kawarau се скока банџи уште од 1988 година. Но, местата Nevis и Ledge се совршени за најхрабрите.
Адреналински спортови – Ако ви е потребен адреналин, тука ќе го најдете со низа забавни спортови.
Најфотографираната локација во Нов Зеланд – Тоа е фјордот Milford Sound, кој е дел од национален парк. Вистинско доживување.
Возење со гондола – Од врвот Bob’s Peak ќе имате прекрасен поглед на езерото, планините, ѕвездите и светлата на градот.
С. С. | Црнобело