Со лименки Red Bull треба да стигнат до Амстердам - Запознајте ги Urban Scouts
На повидок е уште еден Red Bull предизик, именуван како #canyoumakeit2018 кој ќе се одржи на почетокот од април. Преку 200 студентски тимови од дури 60 различни држави ќе бидат дел од урнабесна авантура, поточно натпревар: да се стигне до Амстердам за неколку дена, притоа освојувајќи поени и тоа само со лименки редбул, како единствено платежно средство за придвижување.
Македонските победници се тричлениот тим на пријатели Urban Scouts, кои со заемна комбинација на нивните способности ќе го дадат својот максимумот да засведочат една незаборавна животна авантура.
Групата е составена од 22 годишниот Стефан Шевченко, студент на University od Applied Sciences Worms и Американ Колеџ Скопје, кој во остатокот од времето е професионален гејмер на балканската и европската сцена.
Тука е и Иван Велкоски а.к.а. Jimmy, студент на ФИНКИ, волонтер и водач на Прв Скопски Извиднички Одред (ПСИО), кој е во исчекување да види во која држава ќе го прослави роденденот и каков подарок ќе добие од своите сопатници.
Третиот член е Матеј Пунтевски (21), кој е студент на Факултетот за електротехника и информациски технологии. Вежба кросфит, обожава да планинари и да вози mountain велосипед.
„Од патувањето очекуваме одлична дружба, смеење со екипата, запознавање нови кои ќе ги сретнуваме попат. Во секој случај, знаеме дека оваа неколкудневно патување за сите нас ќе биде посебно, но и многу поучно“, открива тимот Urban Scouts.
За крај ништо друго не преостанува, освен да им посакаме среќа и будно да ги следиме нивните авантури!
Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело