Од Данска до Обединетите Арапски Емирати - извидничките искуства на Димитар Чакар

Иако, многумина не се запознаени, но извидници во Македонија постојат со децении и децении наназад. Речиси секој поголем град си имал свој клуб, цврсто втемелен со интересни активности и норми за почитување. 

izvidnicki storii na dimitar chakar 7

Димитар Чакар (19) од Скопје, кој учи и работи како графички дизајнер веќе десет години е активен извидник и член на Првиот Скопски Извиднички Одред, или како што самиот вели, тоа е неговото второ семејство.

Преку неформален начин на едуцирање и извиднички методи, тој, заедно со својот тим, се трудат да ги насочат младите кон прав психички и физички развојот, како и нивно активно вклучување во општесвото.

„Организацијата за мене претставува алатка преку која можам на некаков начин да го подобрам светот и навистина ми претставува задоволство кога гледам како млади деца стекнуваат здрави навики и придонесуваат во создавање на подобар свет за сите нас“, раскажува Димитар Чакар, кој до сега има посетено многу тренинзи, размени и извиднички настани и тоа во Велика Британија, Франција, Данска, сите балкански држави како и голем број на македонски градови.

Проектите биле од едукативен и забавен карактер, полни со нови искуства, пријатели, запознавање на туѓи култури и соочување со различни размислувања. Голем дел од патувањата на Димитар биле бесплатни или со рефундирање на парите, што е една од добрите страни на овие извиднички патувања, достапни за луѓе со секава финансиска состојба.   

izvidnicki storii na dimitar chakar 3

Пред неколку недели Димитар Чакар беше дел од 8-миот Интернационален Извиднички Собир во Обединетите Арапски Држави во градот Шарџа, кој се одржува на секои две години.

„Навистина имав среќа што бев дел од собирот, потпишан под мотото Sharjah the World Book Capital of the World. Имаше учесници од 84 различни држави, поточно од 5 континенти. Главната тематика на работилниците беа книгите, дискутиравме за третманот на книгата во различни држави и пробавме да најдеме одговор на прашањето дали дигитализација на книгите би помогнало да се зголеми читачката навика“, споделува Димитар.

izvidnicki storii na dimitar chakar 1

Повеќето од учесниците биле од Африка, и самиот амбиент на кампот бил исполнет со нивни песни, мотиви и игри. На секоја прошетка или пауза учесниците слушале песни на различен јазик.

izvidnicki storii na dimitar chakar 5

„Многу се радувам што почувствував пустина за првпат во животот. Организаторите нè однесоа на многу забавно и адреналинско сафари со џипови, каде пустината ја искусив на најдобар можен начин“, открива македонскиот извидник, кој заедно со останатите учесници се качиле на Бурџ Халифа, највисокиот облакодер.

Додека се возел во лифтот почувствувал како му се затнале ушите од високата надморска височина. Освен тоа посетиле и музеи, уникатна зоолошка градина, астрономски центри, Дубаи Мол, преубави плажи. Собирот бил посетен од шеикот на Шарџа, пред кого Димитар имал можност да сподели збор-два за Македонија.  

izvidnicki storii na dimitar chakar 4

izvidnicki storii na dimitar chakar 6

Во моментов Димитар заедно со неговиот извиднички одред работат на подобрување на некои работи во општеството и градот Скопје, и организација на нови кампови. Покрај извидништво, дел од неговото време го користи во изучување на графички дизајн, каде на различни проекти има можност да го имплементира знаењето.

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ова е Македонија: Караџица е како сцена од есенска бајка (фото) Караџица периодов е обоена во најубавите есенски тонови и буквално изгледа како ...
Места во Македонија кои ми недостигаат: Селото во кое израснав, манастирот кој ми носи мир Кога подолго време не живееш во родната земја често ќе се најдеш во ситуацијата ...
Ненеци, народ кој живее „на работ на светот“: Јадат месо од ирваси, преживуваат и на -50°C Секое семејство има по еден ирвас „домашен миленик“. А ирвасите им нудат на Нене...
Безброј светилки, многу тезги со храна и подароци: Брисел е волшебен во празничната сезона И оваа година, божиќниот маркет во Брисел е сместен во самото срце на градот, и ...
Обичаи при посета на манастирот Острог во Црна Гора - што треба да понесете и како да се однесувате? Во манастирот не се доаѓа со голи раце и нозе. Верниците ги оставаат своите личн...
Најпознатите (и најзначајните) градби ширум светот Пирамидите во Египет се како симбол на древен Египет кој ја покажува моќта, но и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg