Јога над Темза, бесплатни музеи: Зошто Лондон е еден од најуникатните градови на светот?
Некои работи за Лондон кои ќе ги научите дури по неколку посети. Една од нив е дека во градот живеат лисици, кои најчесто се појавуваат навечер.
Голем, но пријатен, гласен, но полн со тивки места, стар, но модерен едновремено, токму таков е Лондон.
Некои работи за британската престолнина ќе ги откриете дури по неколку посети:
Чување на традицијата
Во Лондон модерните облакодери не им пречат на старите градби. Традицијата внимателно се чува, а доказ за тоа е посветеноста да се зашттитат гавраните чувари на кулата „Tower of London“.
Се верува дека ако одлетаат земјата ќе престане да постои, па така сега има 6 гаврани таму, кои се разликуваат по тоа што имаат ленти во различна боја врзани на нозете.
Гавраните веќе се навикнати на вниманието и фотографирањето со нив, но сепак не е добра идеја да се допираат. Постои личност која е специјално ангажирана за да се грижи за нив.
Јога на мостот „Tower Bridge“
Како и многу други објекти во Лондон, и мостот „Tower Bridge“ речиси не го смени својот изглед низ годините. Но, интересно е што сега таму можете да практикувате јога.
Нормално не кај автомобилите, туку на горната пешачка зона на 42 метри над реката Темза.
Часовите се одржуваат двапати месечно и има огромна заинтересираност за ова застрашувачко, но прекрасно искуство.
Британците се многу дисциплинирани
На улиците на централниот дел на Лондон, особено навечер, тешко е да се движите поради многуте туристи кои постојано сликаат и снимаат. Плус, има долги редици пред бесплатните музеи и пред прекрасните места како панорамското тркало „London Eye“.
Но, Британците се многу дисциплнирани и внимаваат на редот. Тие прават сè за да го скратат залудното губење време.
Така на пример ако чекате ред за во аквариумот во Лондон и има многу народ, вработен ќе дојде до вас и ќе ви каже колку време треба да чекате за влез и ќе ве советува да дојдете во посоодветно време или пак да си купите влезници онлајн и да ја избегнете гужвата на касата.
Пријатни пабови
Лондонските пабови имаат уникатни живописни имиња. „The Blind Pig“, „The End of the World“, „The Carriage and the Horse“, „Royal Oak“, „Old Cheshire Cheese“ се само мал дел од нив.
Но, во пабовите не се оди само за пиење, во нив Британците разговараат, гледаат фудбал, играат игри, читаат книги и се релаксираат како дома. Се служи традиционалното британско јадење „fish and chips“, кое има релативно ниска цена, според нивниот стандард, а е вкусно.
Не е практика да се остава бакшиш, а најчесто треба да платите веднаш откако ќе порачате пијалак.