Дождливото време и пиењето чај се митови: Факти за Лондон кои ќе ве изненадат
Секоја земја има свои традиции и карактеристики по кои е позната во останатите земји низ светот.
Но, понекогаш тоа се само стереотипи во кои ние веруваме, а всушност не се точни.
Сме зборувале за стереотипите за неколку земји досега, кои се воспоставило дека се погрешни, но сега ќе се посветиме на еден прекрасен град – Лондон.
Дознајте што е точно, а што не за овој град:
1. Дури и ако не зборувате добро англиски, никој нема да ви замери, а дури и ќе ви кажат дека зборувате добро.
2. Секоја година, жителите и туристите во градот, забораваат по 80.000 чадори во метроата.
3. Не е прифатливо облеката да се пере дома, па затоа во секој дел може да се најдат перални.
4. На бремените жени им е дозволено да одат „во тоалет“ секаде, доколку не можат да издржат, дури и пред Бакингемската палата.
5. Возачите на црните такси возила се подготвуваат за полагањето 2-4 години, треба да знаат локации на 25.000 улици и 20.000 места.
6. Кралицата треба да добие дозвола од градоначалникот на Лондон за да влезе во градот.
7. Постојано дождливото време во Лондон е мит – всушност, тој е еден од најсувите градови во Европа.
8. Сепак, кога врне, дождот знае да дојде ненадејно, па добро е секогаш да имате при рака чадор.
9. Англичаните не пијат чај повеќе од сите во светот, бидејќи пред нив се Кина, Турција, Мароко, Ирска, па дури потоа Англија.
10. После работното време, на улиците, плоштадите и пабовите во градот се забележуваат канцелариски работници кои уживаат во пиво после работа.
11. Забрането е да се умре во зградата на парламентот, а ако на некој одеднаш му се слоши, мора веднаш да биде изнесен на улица.
12. После 22 часот не работат продавниците.
13. Луѓето ги оставаат весниците во метрото, за некои други да може да ги прочитаат после нив.
М. М. | Црнобело