6 новогодишни подароци со кои нема да погрешите (за кога немате идеја)
Зачини спакувани во убава кутија за оние кои сакаат да готват или планер за новата година.
Купувањето подароци за Божиќ и Нова година веќе стана традиција и кај нас, но кога треба да купувате за повеќе луѓе, може да биде тешко да дојдете до идеја.
Изборот е уште потежок ако треба да ѝ подарите нешто на личност која не ја познавате многу добро или некој со поспецифичен вкус.
Предлози за подароци кои се уникатни, а кои ќе им се допаднат на скоро сите:
Кошница/кутија со храна
Храната е секогаш добар избор за подарок, кој може да биде и личен ако сами составите кошница.
Можете да купите квалитетно сирење/кашкавал, некој квалитетен сувомеснат производ, ајвар, бадеми…
А, можете да направите и „блага“ кутија со колачиња, џем, гранола...
Квалитетно вино или друг алкохолен пијалак
За љубителите на вино, ова е совршениот подарок.
А, можете да изберете и некој ликер со „празничен“ вкус, како чоколадо.
Комплетирјате го подарокот со бонбониера или колачиња.
Планер или квалитетен нотес
Сите купуваат планери и нотеси пред Нова година, што значи тие се идеален подарок за овој период.
Ароматични чаеви
Направете кошничка со неколку вида чај и ставете ги во убава кутија.
За подарокот да биде побогат можете да купите и убава шолја за чај, инфузер за чај, тегла мед...
Комплет зачини
Ова е совршен подарок за оние кои сакат да готват.
Купете разни видови зачини и спакувајте ги во убава кутија.
Ваучер
Ако веќе немате никаква идеја, ваучерот е секогаш добар избор, особено ако купувате за личност која не ја познавате многу добро.
Околу Нова година, речиси и да нема продавница која не нуди ваучери за подарување.
Спирова С. | Црнобело