Мал средновековен град во Словачка е следната популарна романтична дестинација

Во срцето на Словачка се наоѓа градот Banská Štiavnica, прекрасен средновековен мал град каде е објавена најдолгата љубовна песна во 19-тиот век.

mal-srednovekoven-grad-vo-slovachka-e-slednata-popularna-romantichna-destinacija-2.jpg

Инспирирани од минатото, жителите на овој рударски град сметаат дека токму Банска Штиавњица е следната популарна европска романтична дестинација.

Поетот Андреј Сладковиќ во 1846 година ја напишал песната „Марина“, посветена на неговата несреќна љубов кон сограѓанката Марина Пишлова, составена од дури 2.900 стихови.

mal-srednovekoven-grad-vo-slovachka-e-slednata-popularna-romantichna-destinacija-3.jpg

Поетот бил сиромашен, а Марина била омажена за богат пекар. Куќата во која Марина некогаш живеела денеска е претворена во љубовен епицентар, во кој се изложени извадоци од песната.

Исто така, во нејзината куќа постои и таканаречена банка на љубовта, каде паровите можат да ги остават своите љубовни завети.

mal-srednovekoven-grad-vo-slovachka-e-slednata-popularna-romantichna-destinacija-4.jpg

Локалните невладини организации се сигурни дека во овој град лежи потенцијал за нова Верона.

Banská Štiavnica е целосно сочуван средновековен град со многу историски споменици и артефакти кои сведочат за животот низ вековите.

mal-srednovekoven-grad-vo-slovachka-e-slednata-popularna-romantichna-destinacija-5.JPG

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Плажата која ги победи Малдиви за „најсино море“ се наоѓа во Албанија - на 270km од Скопје Чиста тиркизна вода, волшебен поглед, светол песок... Плажата на огледалата (Pas...
Котор, Скопје: Градови кои имаат стари делови што зрачат со магија (и се совршени за есенска дестина... Старата скопска чаршија е како спој на разни култури и националности и до денес ...
5 најбезбедни европски градови (совршени за жени кои патуваат сами) Иако Италија е романтична дестинација, сепак, е одлично место и за сам...
10 најубави плажи на Јонските Острови во Грција Љубителите на кристално чисто море во тиркизна нијанса нема да погрешат доколку ...
Предлог зимска дестинација во Македонија: Нижеполе изгледа како снежна бајка Доколку сакате да се релаксирате, да уживате во топол чај со прекрасна глетка ил...
14 дестинации во Европа погодни за меден месец во 2024 година Санторини е островскиот рај во Егејското море, па со оваа дестинација нема да по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg