Топ 10 најзабавни и најпријателски градови во светот

„Сити Лајф Индекс“ ја состави годишната листа на градови кои на своите жители и на посетителите им нудат забава, рекреација и одлична атмосфера.

najzabavni-najprijatelski-i-najeftini-gradovi-vo-svetot-2.jpg

Критериуми по кои е правена оваа листа се односот кон туристи, туристички искуства, искуства на локални жители, кафетерии и ресторани, културен живот, како и тоа што градот има да понуди како разонода за во слободно време.

Па, доколку сакате да видите кои градови се меѓу првите 10 кои што ги исполнуваат овие услови, погледнете ја листата во продолжение:

Барселона - овој град на своите посетители им нуди прекрасна архитектура и пејзажи, врвна услуга во рестораните и кафулињата, како и пријателски пристап на жителите кон туристите.

najzabavni-najprijatelski-i-najeftini-gradovi-vo-svetot-3.jpg

Филаделфија - жителите на овој град се задоволни поради соодветните цени на основните продукти за живот во однос на стандардот, како и од одличниот јавен превоз кој му дозволува на секој жител да стигне на работа за 24 минути, во просек.

najzabavni-najprijatelski-i-najeftini-gradovi-vo-svetot-4.jpg

Лисабон - жителите и привремените посетители сметаат дека во овој град е многу лесно да се склопат нови пријателства, но и да се најде романтичен партнер. Просечна цена на ноќевање изнесува помалку од 2.500 денари.

top-10-najzabavni-najprijatelski-i-najeftini-gradovi-vo-svetot-lisabon.jpg

Манчестер - вистинско место за оние кои сакаат да се социјализираат со попладневен чај, но и со по некој алкохолен пијалок.

najzabavni-najprijatelski-i-najeftini-gradovi-vo-svetot-6.jpg

Мадрид - град кој на посетителите им нуди незаборавно искуство во поглед на културен живот, како и ресторани во кои се служат најразлични специјалитети, како традиционални, така и деликатеси, по релативно пристапни цени.

najzabavni-najprijatelski-i-najeftini-gradovi-vo-svetot-7.jpg

Лондон - жителите велат дека секогаш има што да се прави во Лондон, почнувајќи од едноставно пиење пиво во паб, па до одење во театар или музеј, но и едноставно шетање во трговски центри. Единствена мана на овој прекрасен град е што локалците тешко се спријателуваат, а неретко и цените се превисоки за туристите.

najzabavni-najprijatelski-i-najeftini-gradovi-vo-svetot-8.jpg

Мелбурн - ова е дефинитивно еден од најсреќните градови чии жители се задоволни и од достапноста на работни места, плата, пријателство, а најмногу од достапноста на храна и пијалоци.

najzabavni-najprijatelski-i-najeftini-gradovi-vo-svetot-9.jpg

Њујорк - градот кој никогаш не спие, кој на жителите и посетителите им нуди исклучителен ноќен живот и еден од најчестите градови кои се наоѓаат на листите со желби на оние кои никогаш не го посетиле. За жал, мештаните тешко се спријателуваат со туристи.

najzabavni-najprijatelski-i-najeftini-gradovi-vo-svetot-10.jpg

Порто - жителите на овој град се горди што живеат таму и се чувствуваат слободно да бидат свои, без разлика што и да прават. Исто така, ноќниот живот, вклучувајќи тука и превоз, не чини повеќе од 1.700 денари.

najzabavni-najprijatelski-i-najeftini-gradovi-vo-svetot-11.jpg

Чикаго - овој град има високи оценки во секој поглед: храна, пиење, среќа, култура и пристапни цени. Единствено, нивото на безбедност не е на највисоко ниво.

najzabavni-najprijatelski-i-najeftini-gradovi-vo-svetot-12.jpeg

Други градови кои се најдоа на оваа листа се: Единбург, Тел Авив, Остин, Париз, Мексико Сити, Шангај, потоа Сан Франциско, Берлин, Токио, Лос Анџелес, Цирих, Пекинг, Вашингтон, Бангкок, па Москва, Хонгконг, Мајами, Сиднеј, Дубаи, Бостон, Сингапур и Истанбул.

С. У.| Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 ресторани во Врање кои може да ги посетите кога одите на еднодневна тура Ресторани на отворено со двор, ресторани со игралиште за деца, или со рустичен и...
9 европски дестинации каде и во рана есен е уште топло Од Кипар до Анталија, постојат повеќе места каде може да отидете на есенско пату...
5 знаци дека сте избрале погрешен ресторан на одмор (и ќе зажалите за тоа) Бегајте од ресторани пред кои келнерите стојат и ве канат и обрнете внимание на ...
Фотки поради кои ќе посакате веднаш да отпатувате во Швајцарија Зеленило, планини и селца кои изгледаат како од некоја бајка – Швајцарија дефини...
„Бев во два живописни града во Романија, патував 8 часа со автобус од Скопје – цените беа исти како ... „Прошетките по живописните улички на Темишвар и Сибиу, скромната невеста што поз...
10 причини да го посетите грчкиот остров Крф Богата историја со многу знаменитости, архитектура во венецијански стил која ќе ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg