Дестинации за момци: Во кои земји жените најмногу им приоѓаат на мажите?

На Американките не им е тешко да му дадат некому до знаење дека им се допаѓа. Доминиканките, пак, тргаат во освојување и без претходен сигнал.

 destinacii-za-momci-vo-koi-zemji-zhenite-najmnogu-im-priogjaat-na-mazhite-1.jpg

Правилата за флертување одамна се променија, но судејќи по бројните истражувања, на мнозинството мажи и жени сѐ уште им е попријатно кога ќе се најдат во традиционалните улоги.

Мажите и понатаму почесто го прават првиот чекор, а жените сакаат кога ним им се додворуваат, што може да биде симпатично, доколку обете страни имаат исти погледи на романтичните средби.

 destinacii-za-momci-vo-koi-zemji-zhenite-najmnogu-im-priogjaat-na-mazhite-2.jpg

Некои мажи ги нервира што постојано од нив се очекува да го направат првиот потег, додека девојките во земјите ширум светот веќе ги преземаат работите во свои раце, па им приоѓаат на момците што им се допаѓаат, без чувство на непријатност.

Истражувањето на апликацијата за забавување Badoo ги лоцираше најсмелите додворувачки во светот, па така настана и списокот на петте земји во кои жените почесто први им приоѓаат на мажите.

 destinacii-za-momci-vo-koi-zemji-zhenite-najmnogu-im-priogjaat-na-mazhite-3.png

Ако имате сингл пријатели кои љубат да патуваат, задолжително препорачајте им ги следните дестинации:

1. Соединети Американски Држави

 destinacii-za-momci-vo-koi-zemji-zhenite-najmnogu-im-priogjaat-na-mazhite-4.jpg

Смелите Американки се први на листата. Тие се жени кои не чекаат романсата да им се случи сама од себе. Живеат во голема земја каде луѓето постојано патуваат, па свесни се дека доколку не преземат нешто, мали се шансите дека истиот маж ќе го видат двапати. Тие немаат проблем со приоѓањето и запознавањето. Не губат време и не сакаат да играат игри за да го добијат она што го посакуваат.

 destinacii-za-momci-vo-koi-zemji-zhenite-najmnogu-im-priogjaat-na-mazhite-5.jpg

2. Доминиканска Република

 destinacii-za-momci-vo-koi-zemji-zhenite-najmnogu-im-priogjaat-na-mazhite-6.jpg

30 проценти од жените во Доминикана им приоѓаат на мажите, без разлика дали претходно примиле сигнали, или, пак, не од нивна страна. Кога ќе видат некого што ги интересира, тие се наоружуваат со насмевка и веднаш тргаат во освојување.

 destinacii-za-momci-vo-koi-zemji-zhenite-najmnogu-im-priogjaat-na-mazhite-7.jpg

3. Канада

 destinacii-za-momci-vo-koi-zemji-zhenite-najmnogu-im-priogjaat-na-mazhite-8.jpg

Ниту Канаѓанките не се плашат од мажите. Тие се жени кои не сонуваат бајки. Ним принц на бел коњ не им треба – самите ќе го пронајдат.

 destinacii-za-momci-vo-koi-zemji-zhenite-najmnogu-im-priogjaat-na-mazhite-9.jpg

4. Чешка

 destinacii-za-momci-vo-koi-zemji-zhenite-najmnogu-im-priogjaat-na-mazhite-10.jpg

Згодните Чехинки не сакаат со недели да чекаат, додека дечкото прв не ги покани на средба. Наместо тоа, ќе му предложат да излезат на пиво или заедничка дружба, па без пардон ќе се обидат да го освојат фраерот што им се допаѓа.

 destinacii-za-momci-vo-koi-zemji-zhenite-najmnogu-im-priogjaat-na-mazhite-11.jpg

5. Тајланд

 destinacii-za-momci-vo-koi-zemji-zhenite-najmnogu-im-priogjaat-na-mazhite-12.jpg

Тајланѓанките сѐ повеќе ги отфрлаат традиционалните обичаи, па така и срамот од повлекување на првиот потег. 19 проценти од нив изјавиле дека честопати тие им даваат до знаење на мажите дека им се допаѓаат. Додуша, повеќе на интернет страниците за запознавање.

 destinacii-za-momci-vo-koi-zemji-zhenite-najmnogu-im-priogjaat-na-mazhite-13.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Живеев во Дубаи и го мразам – сите, освен богатите мажи, се третирани како предмети“ „Гледав мажи кои шетаат со три по сопруги кои изгледаа мизерно. Ме бомбардираа с...
Паролдо: Вошебно италијанско село во кое се верува дека живеат вештерки (фото) Паролдо има околу 230 жители, а постојат легенди дека во волшебното село живееле...
Каде за Први мај - 13 места за излет во природа низ Македонија Со семејството или со друштво, добра музика, вкусна храна, студени пијалаци и се...
5 најбезбедни европски градови (совршени за жени кои патуваат сами) Иако Италија е романтична дестинација, сепак, е одлично место и за сам...
Топ 10 плажи во Италија за оние кои сакаат филмски одмор Плажа помеѓу карпи, во шармантни италијански градови или под брдести селца со гр...
11 популарни клубови и ноќни барови на првиот крак на Халкидики Pearl Club во Калитеа, Achinos Beach Bar во Ханиоти - на Халкидики има бројни кл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg