10 одлични причини да ја посетите Венеција на есен

Евтините повратни летови и намалениот број на туристи во октомври ја прават Венеција совршена дестинација за вашата есенска авантура.

10-odlicni-pricini-da-ja-posetite-venecija-na-esen-001.jpg

Макар поминале и само еден викенд, без сомнеж ќе уживате во Венеција облечена во есенско руво, со пријатна температура од 14-18 степени, совршена за разгледување и прошетки.

Ова се само уште 10 добри причини зошто треба да ја видите Венеција на есен:

1. Задолжително напијте се кафе во познатата кафетерија Florian на плоштадот Св. Марко.

За овој локал важи епитетот најстар во светот, и иако кафето не е евтино, сепак глетката вреди за секој потрошен цент.

Плоштадот Св. Марко е еден од најубавите во светот.

Дочекајте совршено изгрејсонце или зајдисонце со шолја квалитетно италијанско кафе.

10-odlicni-pricini-da-ja-posetite-venecija-na-esen-2-1-2.jpg

2. Вдишете ја историјата на Венеција додека шетате низ Дуждевата палата, повторно на плоштадот Свети Марко.

Ова е едно од најубавите архитектонски зданија сместено во срцето на Венеција, која истовремено е важен музеј.

Се поврзува со уште една зграда која во минатото била затвор, уште позната како Палата на затворите.

10-odlicni-pricini-da-ja-posetite-Venecija-na-esen (2).jpg

3. Откријте го белиот мермерен Мост на воздишките. Додека го поминувате ќе ја видите последната глетка што ја гледале затворениците во минатото пред да ги однесат во нивните келии.

Не е никакво чудо од каде потекнува името на мостот кој е во непосредна близина на плоштадот.

10-odlicni-pricini-da-ja-posetite-Venecija-na-esen (7).jpg

4. Што ги поврзува плоштадот Св. Марко и познатиот Риалто пазар? Секако, мостот Риалто.

Уште едно величествено мермерно здание кое е преполно со мали продавнички кои нудат прекрасен накит и сувенири.

10-odlicni-pricini-da-ja-posetite-Venecija-na-esen (6).jpg

5. Да се изнајми гондола е прилично скапо, но затоа ја имате опцијата на т.н. „автобус на вода“ кој кружи низ венецијанските канали.

24-часовен билет чини 20 евра и може да го употребите онолку пати колку што сакате.

10-odlicni-pricini-da-ja-posetite-Venecija-na-esen (9).jpg

6. Техниката на дување стакло е една од најавтентичните особини на Венеција, а може да ја откриете на островот Мурано.

Традицијата на дување стакло датира од далечната 1291 година.

10-odlicni-pricini-da-ja-posetite-Venecija-na-esen (4).jpg

7. Вљубете се во бојадисаните куќички во најживите бои на островот Бурано, кој е вистинско рибарско селце.

Бурано е најколоритното островче во венецијанската лагуна, познато по шарените куќички и производството на чипка.

10-odlicni-pricini-da-ja-posetite-Venecija-na-esen (12).jpg

8. На влезот на каналот Гранде пронајдете ја базиликата дела Салуте.

Поради нејзината октогонална форма и белиот мермер кој веднаш паѓа в очи, ова е една од најпопуларните атракции во Венеција.

10-odlicni-pricini-da-ja-posetite-Venecija-na-esen (1).jpg

9. Инспирирајте се од уметничките дела на Пикасо и Енди Ворхол во Музејот на модерна уметност.

Ќе го пронајдете на каналот Гранде, на спротивната страна од плоштадот Св. Марко.

Колекцијата Peggy Guggenheim е една од напознатите музејски поставки во светот.

10-odlicni-pricini-da-ja-posetite-Venecija-na-esen (5).jpg

10. Конечно, никако не испуштајте го времето за happy hour.

Најчесто се пие аперитив во 18 часот, а оди одлично со малечките вкусни италијански трамезини сендвичиња.

10-odlicni-pricini-da-ja-posetite-Venecija-na-esen (8).jpg

(O)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
Уличната уметност и шармантните мурали низ улиците на Брисел Сакам да ве прашам нешто. Дали сте љубители на улична уметност?  Сакам д...
Најпознатите (и најзначајните) градби ширум светот Пирамидите во Египет се како симбол на древен Египет кој ја покажува моќта, но и...
Ненеци, народ кој живее „на работ на светот“: Јадат месо од ирваси, преживуваат и на -50°C Секое семејство има по еден ирвас „домашен миленик“. А ирвасите им нудат на Нене...
Морничави замоци низ Европа кои се верува дека се „опседнати“ (и можете да ги посетите) Натприродни појави, сенки, морничави гласови – ова се само дел од работите што н...
Безброј светилки, многу тезги со храна и подароци: Брисел е волшебен во празничната сезона И оваа година, божиќниот маркет во Брисел е сместен во самото срце на градот, и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg