Далечни туристички дестинации: Зошто да ја посетите островската држава Тасманија?
Тасманија е островска сојузна австралиска држава, која е одвоена од австралиското копно со преминот Бас.
Островската држава Тасманија е лоцирана на 240 километри од австралиското копно и е една од најоддалечените туристички дестинации на светот.
Се протега на повеќе од 68.000 километри квадратни и скромно е населена со само 500.000 луѓе. Островот е одлично бегство за сите ентузијасти кои обожаваат природа, вкусна храна и уметност.
Тасманија има уникатен див свет, прекрасна природа и локално производство. Музеи, заливи, плажи, водопади, планини, ботанички градини, вински региони, едноставно нуди по нешто за сечиј вкус.
Островот Тасманија е познат и по тасманскиот ѓавол, особено агресивно мало животинче. Тој е месојаден торбар, кој се среќава само во дивината на овој австралиски остров.
Овие фотки ќе ви покажат зошто некогаш во животот задолжително мора да ја посетите Тасманија:
С. С. | Црнобело