Кога бајката ќе стане реалност: 7 градови во Германија со неверојатна убавина и шарм
Во оваа прекрасна земја, Берлин и Минхен не се единствените градови вредни за посета, иако многумина зборуваат само за нив.
Речиси сите градови, па дури и селата во Германија имаат карактеристична архитектура, големи природни богатства, совршени услови за живот и шарм со кој ќе ве освојат.
Каде и да отидете нема да погрешите, но доколку немате идеја, ви откриваме 7 прекрасни градови во Германија:
Ротенбург
Се наоѓа во близина на Минхен, Штутгард и Нирнберг, а потребни ви се неколку дена за да го прошетате и да ги посетите сите места. Во него се наоѓаат некои од најдобро зачуваните средновековни градби.
https://www.instagram.com/p/BVZfL59DwrB/
Динкелсбил
Шармантен град со куќи како од бајките карактеристични по нивните слатки прозорци и шарени фасади. Одлично место за запознавање на германската култура, без многу гужва од туристи.
Либек
Прекрасен град покрај море каде може да уживате во погледот на бродовите и морето. Либек е исто така познат по марципанот.
Мајсен
Еден од најстарите саксонски градови кој е вреден за посета. Изработката на порцелан во овој град започнала уште пред 5-6 векови и трае до ден денес.
Линдау
На границата помеѓу Германија и Австрија, сместен на брегот на Боденско Езеро, а во позадина може да се забележат Алпите.
https://www.instagram.com/p/BVgwiWlFWyZ/
Триберг
Ако ја посетите Германија не смеете да го пропуштите овој град, како и Шварцвалд. Триберг е шармантен мал град идеален за љубителите на историјата, како и на колачите и тортите. Тука се наоѓа и највисокиот водопад во Германија, Триберг, со 163 метри висина.
https://www.instagram.com/p/BUmXwngAOhu/
Вормс
Сместен е на западниот брег на Рајна и претставува дестинација совршен за вљубениците во средновековни гратчиња. Познат е по катедралата од XII век која може да се види од повеќе делови на градот.
М. М. | Црнобело