Шкотска е прогласена за најубава земја на светот (фото)
Села со разнобојни куќи, живописни изолирани архипелази, мистични планини со езера и што уште не.
Читателите на еден од највлијателните светски водичи за патување „Rough Guide“ ја прогласија Шкотска за најубава држава во светот.
На листата се најдоа и Канада, Нов Зеланд, Финска, Норвешка, Јужна Африка и низа други.
Но, победата на Шкотска и не е некое изненадување. Па, кој би можел да одолее на тие диви плажи, длабоки езера, карпести замоци, живописни рибарски села и мистични предели? Токму во оваа земја се наоѓаат едни од најубавите пејзажи на светот.
Од урбани центри до историски атракции, Шкотска нуди по нешто за сечиј вкус. Дури и на ден полн грмотевици таа има незаборавен дух и нуди неверојатни искуства.
Еве кои места во Шкотска се непроценливо богатство: