Најпријателските градови во Европа кои мора да ги посетите барем еднаш во животот
Постојат убави и за жал не толку убави места за шетање и одмор низ Европа. Некои од нив со добра причина пред себе ја имаат етикетата пријателски места за совршен одмор.
Доколку немате идеја каде да отпатувате следниот пат, имајте ги предвид следниве 6 дестинации кои ќе ве пречекаат со многу изненадувања, но пред сè друго, со пријатна топла атмосфера и многу насмеани лица:
Сицилија
Сицилија е една од оние дестинации кои магнетски ве привлекуваат. Звучи прилично возбудливо и си го оправдува епитетот. Неуморното море кое пенливо се бранува и планините кои го опкружуваат малиот остров кој е обвиен со доза историја, преполн храмови од минатото кои датираат од 5-от век.
Уметноста и архитектурата на Сицилија го полни окото со убавина правејќи ве жедни за повеќе. Сицилија е совршена симбиоза на старо и ново и е еден од најуникатните и најпријателските градови кои ќе г посетите во животот.
Вулканот Етна треба да биде само една од многу дестинации додека сте во Сицилија. Плажите се исто така феноменални, а храната егзотична и вкусна.
Севиља
Динамична атмосфера и богата култура се првите впечатоци кои ќе ги добиете по стапнувањето во Севиља. Богатото културно наследство ќе ве воодушеви, а задолжително посетете ја Алказар палатата.
Севиља, слично како Барселона, нуди панорамско разгледување на градот со специјални автобуси кои кружат покрај сите знаменитости и можете да се симнете и качите онаму каде што ќе ви запне погледот. Невозможно е да ги испуштите дрвените „печурки“, една од најдобрите архитектонски структури во Шпанија.
Севиља е град со карактер. Огромната катедрала е една од најголемите во светот. Луѓето се само дополнителен зачин на прекрасната Севиља.
Берлин
Со неизбришлива историска трага ќе зачекорите покрај остатоците од Берлинскиот ѕид, како и неверојатната Пруска палата.
Градот кој никогаш не спие воедно нуди одлична семејна забава за луѓето кои имаат дечиња. Кафетериите се одлично приспособени места каде што може да си ја испиете омилената кофеинска напивка или пијалак, а вашите дечиња да уживаат истовремено.
Жив, богат, вибрантен, Берлин нуди одлична забава и одлична храна за сечиј вкус. Вистински космополитски град со отворени пријателски раце за туристите.
Стокхолм
Распространет на 15 островчиња и поврзан со 57 мостови, главниот град на Шведска е нешто што не сте го виделе никаде на друго место. Многу зелена архитектура, многу интересни ресторани и најстариот музеј на отворено во светот треба задолжително да се на вашата листа на места за посета.
Старата архитектура совршено се влопува со модерната. Не е никакво чудо што Стокхолм го обожаваат од 7 до 77 години, обвиен во прекрасна зелена шума и голем архипелаг.
Стокхолмската специјална картичка е инвестиција која ја правите еднаш, а трае засекогаш, бидејќи ви дозволува пристап до 75 атракции без дополнителна наплата, а воедно овозможува неограничено користење на јавниот градски превоз бесплатно.
Мадрид
Постои интересна анегдота во Шпанија за двата главни ривали, Барселона и Мадрид. Се вели – „или сте смртно вљубени во Барселона, или се разбирате во уметност и фаворитот ви е Мадрид. Подобро бидете од вторите“.
Во Мадрид ќе ги пронајдете најдобрите уметнички дела на Гоја, Веласкез, Пикасо и Дали. Задолжително посетете го музејот Дел Прадо и уметничките галерии „Centro de Arte Reina Sofia и „Thyssen Bornemisza“ кои се сметаат за едни во најдобрите во светски рамки.
Освен тоа што ќе го нахраните окото со убавина, воедно ќе го нахраните и непцето со превкусна храна, бидејќи Мадрид е еден од најдобрите европски гастрномски центри.
Еден збор кој го опишува шпанскиот бисер? Страст. Мадрид е експлозија на бои, мириси, вкусови, звуци, уметност, архитектура, а луѓето се мошне пријатни и пријателски настроени.
Прага
Вистинска бајка, само така може да се опиште посетата на главниот град на Чешка. Насекаде ќе сретнете необични, креативни скулптури, прекрасни уметнички галерии и автентична архитектура која го одзема здивот.
Задолжителни места за посета нека ви бидат Прашкиот замок и прашкиот астрономски часовник во стариот град. Искачете се на врвот на Петрин набљудувачката кула, а потоа испијте едно (или неколку) ладни локални пива.
Прага е магнет за туристи, а доколку ја посетите наскоро ќе откриете и зошто.
(О)Милена | Црнобело