Незаборавна авантура: 5 причини да одите на рафтинг на Тара

Спуштање низ река во гумен чамец? Таква авантура не се пропушта.

nezaboravna-avantura-5-prichini-da-odite-na-rafting-na-tara-01.jpg

Летото не се состои само од песочни плажи и морски бранови, посебно кога ни се нуди друг интересен избор во близина.

Сигурно во последно време и вие сте забележале дека сѐ повеќе луѓе ставаат фотки од едно незаборавно искуство – рафтинг на Тара.

Рафтинг центарот се наоѓа на реката Тара, помеѓу Црна Гора и Босна и Херцеговина (Република Српска). Ова патување е сосема поразлично и поавантуристично од сите други, кое ќе ви остави безброј спомени.

За оние кои не се упатени, рафтинг е спуштање низ река во гумен чамец, кој е специјално направен за немирни теченија на водата.

Но, ова е само дефиниција. Во пракса, рафтингот е многу повеќе – нешто што не се опишува со зборови.

Најдобро е да се организирате со големо друштво, а ова се 5-те причини заради кои ќе посакате веднаш да отидете:

Реката

Рафтингот е одличен начин да ја запознаете реката и неверојатната природа која ја опкружува. Од кампот каде можете да бидете сместени има поглед кон Тара, а едно од најубавите доживувања е шумот на реката.

Со него се будите и тоа e единственото што го слушате кога сѐ е тивко. Тара е проѕирно чиста и дното може јасно да се види речиси по целото течение.

nezaboravna-avantura-5-prichini-da-odite-na-rafting-na-tara-11.jpg

nezaboravna-avantura-5-prichini-da-odite-na-rafting-na-tara-03.jpg

Престој во природа

Ова е една многу важна причина заради која треба да го посетите ова место. Зошто? Бидејќи животот во градовите е динамичен, тежок и нѐ двои од прекрасната природа и здрав живот.

Овде можете да бидете сместени во дрвени куќички каде навечер воздухот е свеж и искуството е незаборавно.

nezaboravna-avantura-5-prichini-da-odite-na-rafting-na-tara-05.jpg

Предизвик и адреналин

Тара преку лето е мирна и не е опасна. Кој сака повеќе адреналин оди во мај, кога реката има поголемо ниво на вода. Спустот тогаш е многу побрз и поопасно е да се поминува по падовите на реката.

За оние кои одат првпат, во првиот дел од спустот возбудата е многу поголема додека да ја осетите реката, а потоа следи уживање. Должината на спустот може да трае и неколку часа а во меѓувреме се можни и паузи за одмор и скокање од карпи. Водопадите исто така оставаат прекрасен впечаток.

nezaboravna-avantura-5-prichini-da-odite-na-rafting-na-tara-09.jpg

nezaboravna-avantura-5-prichini-da-odite-na-rafting-na-tara-08.jpg

nezaboravna-avantura-5-prichini-da-odite-na-rafting-na-tara-06.jpg

Дружење и забава

Рафтингот не е само спуст по река, туку е и одлично дружење и незаборавен помин. Во текот на спуштањето запознавате луѓе од други чамци, други кампови и цело време дружбата е пропратена со добри шеги и позитивно расположение.

Сите чамци се добро опремени, а кој сака да пие вода, пие од реката. За викендите во камповите се организираат свирки во живо, се палат огнови и атмосферата е незаборавна.

nezaboravna-avantura-5-prichini-da-odite-na-rafting-na-tara-12.jpg

nezaboravna-avantura-5-prichini-da-odite-na-rafting-na-tara-07.jpg

Одмор

Не се знае точно дали повеќе ќе се изморите или одморите, но во секој случај ќе се чувствувате многу попријатно отколку во градската средина. Овде нема динамично темпо на живот, брзо подготвување, работење, телевизија, мобилни и меилови.

Ова е едно поразлично искуство, кое е интензивно на свој начин и секој треба да го доживее.

nezaboravna-avantura-5-prichini-da-odite-na-rafting-na-tara-10.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 ресторани во Врање кои може да ги посетите кога одите на еднодневна тура Ресторани на отворено со двор, ресторани со игралиште за деца, или со рустичен и...
Европски пролетни дестинации со евтини летови од Скопје Брисел, Франкфурт, Милано... Каде сакате да одите оваа пролет? Брисел, Франкф...
10 причини да го посетите грчкиот остров Крф Богата историја со многу знаменитости, архитектура во венецијански стил која ќе ...
12 причини зошто Данска е совршена земја за живот Скандинавските земји пленат со својата архитектура, начинот на живот, храната ко...
7 причини зошто уште веднаш да се спакувате и да го посетите Лисабон Ќе се вратите низ времето со ретро трамвајот број 28, но и ќе ги вкусите најдобр...
Неколку причини зошто да го посетите Бледското Езеро во Словенија Во средината на езерото е сместена црквата „Успение на Богородица“ каде посетите...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg