Плажата на Халкидики која никогаш не изгледа исто
Иако првиот крак на Халкидики, Касандра, е еден од најпосетуваните помеѓу нашите туристи, сепак многумина не знаат за една невообичаена плажа.
Таа е различна од другите бидејќи никогаш не изгледа исто, а се работи за 'ртот Посиди, кој се наоѓа во истоименото место, на 7 км од Скала Фурка и 9 км од Мола Калива.
Оваа полудива плажа со најситен бел песок и топло море е прекрасно искуство за посетителите.
Поради плимата и осеката, песокот се повлекува, а плажата константно го менува својот облик и големина.
Понекогаш, крајниот десен дел речиси целосно потонува под море и е невидлив, а некогаш повторно „испливува“ на површина, но секогаш во различен облик од пртходниот.
Погледнете ги видеото и галеријата од ова прекрасно местo:
М. М. | Црнобело