Не ги пропуштајте: Топ 10 најубави плажи на Скијатос
Скијатос е еден од најпопуларните острови во Грција, познат по златните песочни плажи, зелената шумска природа и прекрасната атмосфера.
Овој остров, иако не е многу голем, нуди многу забава за сите возрасти, па затоа е омилен и помеѓу младите, но и помеѓу семејствата кои патуваат заедно.
Во градот можете да уживате на прошетка покрај пристаништето, да седнете во една од многуте таверни, да навлезете низ тесните улички со продавници, а тука се и прекрасните кафулиња каде може да се освежите со превкусен коктел.
За забавата на младите навечер се задолжени неколку дискотеки, а за прекрасните сончеви денови имате голем избор на неверојатни плажи.
Топ 10 плажи на островот Скијатос кои не смеете да ги пропуштите:
Koukounaries
Најпознатата плажа со најситниот златен песок која им нуди на туристите кристално чиста вода и уживање покрај шума. Широка е и одлична е за семејства, но и за големи друштва.
Lalaria
Една од најубавите и најживописни плажи која се наоѓа на северната страна на островот. Опколена е со големи прекрасни карпи, а ветровите илјадници години создавале бели камчиња наречени „lalaria“ со кои е прекриена целата плажа.
Banana beach
Боровата шума го комплетира целосно прекрасниот изглед на плажата, која е собиралиште на млади луѓе, бидејќи нуди прекрасен бич бар, кафулиња и спортски атракции.
Agia Eleni
Сонцето свети на оваа плажа до доцна, па ако сте овде ќе уживате во последните сончеви зраци. Кристално чистата сина вода и боровата шума нудат прекрасен престој и одлична е за повозрасни туристи.
Mandraki
Пејсажот кој оваа плажа го нуди е неверојатно див и импресивен. За да дојдете до неа треба да поминете низ прекрасна шума со борови дрва и песок. Мирот и прекрасната вода се нешто во кое посебно ќе уживате.