Не ги пропуштајте: Топ 10 најубави плажи на Скијатос
Tsougrias
Tsougria е прекрасно мало островче во близина на Скијатос со дива плажа опколена со борова шума и прекрасна чиста вода. Со брод од Скијатос можете да ја посетите оваа плажа и уште 3 во истата тура.
Troulos beach
Плажата е крстена по мал остров кој е пронајден таму и личи на купола (troullos). До неа можете да стигнете по пат и да нурнете во сино-зелената проѕирна вода под сенката од боровата шума која речиси стига до морето.
Vromolimnos
Прекрасна плажа со мирна и чиста вода и секако прекрасен ситен песок. Со таверни и кафулиња покрај море, игралиште за одбојка на плажа и други спортски активности, оваа плажа е одлична за млади луѓе.
Kastro
Комбинацијата на пливање во прекрасното сино море и посетата на стариот град Кастро е прекрасно искуство кое не смее да го пропуштите. До оваа плажа може да стигнете со бродови кои секојдневно одат од Скијатос до Кастро.
Ampelakia beach
Оваа плажа се наоѓа блиску до плажата Кукунарис, исполнета е со висока борова шума, ситен златен песок, а има и прекрасен бич бар во кој може да уживате цел ден.
М. М. | Црнобело