Едноставен водич за островите во Грција - Дали сте за храна, вино, забава или семеен одмор?
Андрос – најдобар за планинарење
Лоциран најсеверно во архипелагот на Кикладите, Андрос е идеален остров за сите оние кои сакаат долги прошетки, искачување и рекреативно планинарење.
Сими – најдобар за парови
Санторини е исто така добар избор, но кога станува збор за идеално љубовно гнездо за парови, Сими е победникот. Нуди вкусна локална храна и претставува идеален спој на забава и доволно простор за мирен одмор.
Карпатос – најдобар традиционален островски живот
Помеѓу Родос и Крит ќе го пронајдете Карпатос, а доколку барате мир, прекрасни плажи и заливи до кои се пристапува само со бротче, тогаш со сигурност ќе уживате на овој преубав остров.
Скопелос – најдобри вили и манастири
Доколку преферирате традиционални камени вили и куќи, Скопелос е вистинската одлука. На овој остров е снимен хит мјузиклот „Мама миа!“, а воедно е познат по неверокатните историски споменици и манастири.
Санторини – најдобри пејзажи
Најсликовитиот и туристички најпосетениот остров во Грција, Санторини е вулкански настанат остров каде што ќе уживате во прекрасни зајдисонца и специфични плажи со бела, црвена, сива и црна песок. Архитектурата на Санторини е нешто што нема да го видите на ниту едно друго место на светот.
Родос – најдобар ноќен живот
Домот на едно од седумте светски чуда, остров исполнет со можеби најдобриот ноќен живот, добрата храна и кристалните плажи се она што ги привлекува туристите од целиот свет да дојдат на Родос.
Лефкада – најдобри водени лудории
Позната како сината лагуна со својата тврдина и морските бранови кои неуморно си поигруваат со брегот, на Лефкада ќе уживате во одмор исполнет со водени лудории и забава исполнета со многу адреналин.
Иос – најдобар бурен ноќен живот
Место каде што забавата не престанува 24/7. Она што е Ибица за Шпанија, тоа е Иос за Грција.
Тасос – најмногу зеленило
Зелениот остров или уште познат како „Островот на сирените“ е пребогат со бујна зелена вегетација, борови шуми и скриени плажички. Не залудно Тасос се нарекува шума која плови, а сите кои сакаат да уживаат во зеленило ќе го пронајдат токму тука.
(О)Милена | Црнобело