Едноставен водич за островите во Грција - Дали сте за храна, вино, забава или семеен одмор?
Понекогаш поради близината ја земаме Грција „здраво за готово“ и забораваме дека е една од најпосакуваните светски туристички дестинации за одмор.
А за сите оние кои се веќе уморни од престојот на краците, ви ги предлагаме следните неколку острови кои нудат сé што може да посакате од еден одмор – доволно забава, бурен ноќен живот, прекрасни плажи, автентична локална архитектура и многу добра храна и вино.
Ваше е да одберете во што најмногу уживате, а ќе го пронајдете на:
Закинтос – најдобри плажи
Кефалонија и Лефкада можеби влегуваат во потесната конкуренција, но очигледниот победник во категоријата остров со најдобри плажи е дефинитивно Закинтос.
Крф – најдобар фамилијарен одмор
Мирно, идилично, со прекрасен пејзаж и потенцијал за вистински фамилијарен одмор каде што ќе имате одлична прилика повторно да се поврзете со најблиските.
Делос – најдобар за историја и култура
Целиот остров е под заштита на УНЕСКО, а легендите велат дека Делос е родното место на Аполон. Руини, статуи, храмови, антички театар и шарени мозаици ќе ви го одземат здивот. А до Делос се стигнува преку...
Миконос – најдобри хотели
Заборавете на сите стереотипи поврзани со сместувањето во Грција и на островите. Бидете сигурни дека на Миконос ќе ги пронајдете најдобрите модерни бутик-хотели.
Крит – најдобра храна
Ќе уживате во одлични ресторани и неверојатна храна токму на Крит. Неговата географска местоположба овозможува сезоната на одгледување овошје и зеленчук да трае многу подолго од регуларната сезона, па ќе уживате во свежи банани, маслинки и авокадо.
Кефалонија – најдобро вино
Санторини и Крит се сериозна конкуренција кога станува збор за квалитетно вино, но островот кој ја зема наградата во оваа категорија е дефинитино Кефалонија. А доколку успеете да го дегустирате на плажата Миртос, тогаш сте вистински победник.
Куфониси – најдобро место за мир и тишина
Со вкупно население од 366 жители и повеќе рибарски бротчиња отколку луѓе, малото островче кое припаѓа во архипелагот на малите Киклади се идеално место за мирен одмор исполнет со тишина и уживање. Воедно, одвај ќе слушнете автомобилски звуци, бидејќи местото нема стандардни улици, па луѓето најчесто се движат пешки или со велосипеди.
Хидра – најдобар еко-остров
Еден од најубавите грчки острови со автентична архитектура, каде што на секој чекор се чувствува традиционалниот грчки дух. На Хидра се забранети моторни возила, а до единствената песочна плажа се доаѓа со траект, па доколку зачувувањето на животната средина ви значи, тука ќе се чувствувате како дома.