Скриен бисер во Грција: Островот Евиа
Грчките острови се популарни секаде низ светот и за многумина претставуваат прв избор за одмор.
Лефкада, Миконос, Крит се само дел од прекрасните грчки острови кои вреди да се посетат и секоја година се преполни со туристи.
Еден од најстарите егејски острови кој сé уште не доживеал толкава популарност е островот Евиа. Можеби затоа тука можете вистински да уживате и да се опуштите.
Нема многу туристи, како што знае да биде случај со попознатите острови, па поради тоа ова место нуди мир и спокој за секого. Евиа го претставува античкиот дух на Грција преку историските знаменитости сместени на островот.
Прекрасните плажи со бујно зеленило и цвеќиња го прават овој остров вистински рај за посетителите. Ако сте во можност, посетете го градот Едипсос каде има лековити термални води.
Погледнете ги убавините на Евиа преку следните фотографии:
М. В. | Црнобело