Најубавите плажи на Јадранско Море
Многу луѓе се научени на одмор во Грција и за ништо не би го смениле морето со средените песочни плажи, таверните покрај плажа со превкусна морска храна и незаборавниот ноќен живот.
Но, мора да признаеме дека и Јадранот има со што да се пофали – природни шуми кои го прават одморот на море многу попријатен и подобар за здравјето и прекрасни плажи.
Освен тоа, покрај Јадранското море има и многу гратчиња кои имаат посебен шарм и убавина и дефинитивно треба да ги посетите.
Но, ако сте од оние кои најважното нешто на одморот им е само плажата, тогаш разгледајте со кои плажи располага Јадранот и одлучете се за некоја од овие прекрасни дестинации.
Во секој случај, нема да погрешите.
Плави хоризонти, Црна Гора
Оваа плажа се смета за една од најубавите во пределот на полуостровот Луштица, како и на Црногорското приморје. Се наоѓа на отворено море, има ситен песок, а посебна вредност и дава боровата шума.
Залив Чикат, Хрватска
Се наоѓа на островот Лошињ, има опуштена атмосфера благодарение на природната убавина и специфичната положба, скриена од ветрови. Важи за една од најубавите плажи на Јадранот.
Златни рат, Хрватска
Бол на Брач спаѓа во малечките градови на Хрватското приморје и сигурно не би бил толку познат и популарен ако ја немаше прекрасната песочна плажа – Златни рат, која е една од најфотографираните плажи. Настанала со таложење на златниот песок, а под влијание на брановите, ветерот и морските струења, врвот секогаш го менува својот облик.
Овој предел е омилен на сурферите, а одалечена е 2 км од Бол.
https://www.instagram.com/p/BVnbBqZBJNh/
Рајска плажа, Хрватска
Во местото Лопар, на островот Раб, се крие оваа песочна Рајска плажа, која е долга речиси 1.5 километри. Поради квалитетот на средината и чистотата, доделено и е плаво знаме, сертификат од Фондација за еколошко образование.
Со оглед на тоа што нема тушеви, ресторани и барови, одлична е за луѓе кои сакаат да уживаат во природни убавини.