Хотел во Јапонија во кој служат само роботи

Роботите во развиените земји сè почесто заменуваат работни позиции наменети за луѓе. Според истражување спроведено неодамна од страна на економисти од престижни американски универзитети, за секој робот што е воведен како работна сила, до 6 луѓе ја изгубиле својата работна позиција и платите значително се намалиле.

hotel-vo-japonija-vo-koj-ke-ve-sluzat-samo-roboti-1_copy.jpg

Исто така, се открило и дека околу 670.000 Американци ја изгубиле својата работа поради индустриски роботи помеѓу 1990-та и 2007-ма година. Друго истражување пак, вели дека повеќе од 10 милиони луѓе во Велика Британија можат да бидат заменети со роботи во наредните 15 години.

Додека некаде механизацијата е потреба во индустријата за да се намалат непотребните трошоци и да се зголеми ефикасноста, роботите во Јапонија се понапредни и се користат од забава.

Така хотелот Henn-na во близина на Нагасаки е првиот хотел со роботски персонал и единствен од овој вид во светот. Од рецепционерот - до вратарот, сите се роботи.

hotel-vo-japonija-vo-koj-ke-ve-sluzat-samo-roboti-2

Позади рецепцијата стојат три роботи: хуманоиден робот, робот диносаурус со елегантна машна и мал андроид. Повеќејазичниот робот им објаснува на гостите како да се чекираат во хотелот, а потоа друг робот им го носи багажот до собите.

hotel-vo-japonija-vo-koj-ke-ve-sluzat-samo-roboti-3

На вратите нема клучеви, туку се користи технологија на препознавање на лицето. 

hotel-vo-japonija-vo-koj-ke-ve-sluzat-samo-roboti-4

Мал робот исто така има и во секоја соба, кој ќе ви биде придружник и ќе ви помага со алармот, будењето, гасење на светлата и слично, за време на вашиот престој.

hotel-vo-japonija-vo-koj-ke-ve-sluzat-samo-roboti-5

Сопственикот на хотелот се надева дека набрзо нема да има никаква потреба од интеракција со луѓе во неговиот хотел и дека роботите ќе станат многу понапредни.

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Безброј светилки, многу тезги со храна и подароци: Брисел е волшебен во празничната сезона И оваа година, божиќниот маркет во Брисел е сместен во самото срце на градот, и ...
12 причини зошто Данска е совршена земја за живот Скандинавските земји пленат со својата архитектура, начинот на живот, храната ко...
Работи што се норма во земјите ширум светот, но се „културен шок“ за странците „За Италијанците, доцнењето е нормално и никогаш не го гледаат како неучтивост“....
Лажни резервации за хотел и авионски билети – Како да ги избегнете измамите кога резервирате за одмо... Не наседнувајте на лажни пораки со честитки дека сте добитник на бесплатно патув...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg