Памуккале – памучната тврдина во Турција (фото)

Памуккале или ,,Памучната тврдина“, како многумина го нарекуваат, е место каде се чувствувате како на раб помеѓу сонот и јавето, бидејќи изгледа потполно нестварно.

pamukkale-pamuchnata-tvrdina-vo-turcija-foto-1.jpg

Нашата планета е богата со многубројни чудесни места, што секој човек барем еднаш би требало да ги види во живо. Од сини лагуни до неверојатни пејзажи, светот е преполн со возвишени креации на природата.

Денес ве водиме до Памуккале, кое се наоѓа во југозападна Турција, сместено во близина на градот Денизли. Претставува комплекс од минерални топли извори, поради што со векови се користело како лекувалиште, а денес претставува една од најголемите туристички атракции во Турција.

Она што Памуккале го прави посебно привлечно се термалните извори, кои неодоливо наликуваат на тераси од кои се прелева тиркизна вода. Во нив се сместени природни базени, богати со многубројни минерали, а температурата на водата изнесува од 35 до 100 степени.

pamukkale-pamuchnata-tvrdina-vo-turcija-foto-2.jpg

Белата боја на варовничките карпи уште повеќе придонесува кон несекојдневниот изглед и амбиент на Памуккале. Низ базените можете да шетате боси, а во дел од нив можете и да се искапете. Која и да е вашата замисла, Памуккале е место кое дефинитивно вреди да го посетите.

Во продолжение, ви претставуваме неколку фотографии кои ја отсликуваат неговата магична убавина многу подобро од зборовите.

Уживајте во глетките!

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ненеци, народ кој живее „на работ на светот“: Јадат месо од ирваси, преживуваат и на -50°C Секое семејство има по еден ирвас „домашен миленик“. А ирвасите им нудат на Нене...
„Песок мек како брашно, тиркизна вода“ – Најубавата плажа во Анталија, според српска патувачка блоге... „За да стигнете до плажата, морате да се спуштите по 200 скали, но вреди“ – вели...
Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
Паролдо: Вошебно италијанско село во кое се верува дека живеат вештерки (фото) Паролдо има околу 230 жители, а постојат легенди дека во волшебното село живееле...
Фотки поради кои ќе посакате веднаш да отпатувате во Швајцарија Зеленило, планини и селца кои изгледаат како од некоја бајка – Швајцарија дефини...
10 причини да го посетите грчкиот остров Крф Богата историја со многу знаменитости, архитектура во венецијански стил која ќе ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg