9 причини зошто Португалија треба да е вашата следна дестинација
Португалија е земјата која нуди совршен спој на богата историја и прекрасни природни предели.
Долгите песочни плажи, тесните камени улички и одличната храна се работите во кои ќе се заљубите.
Ова се местата кои ќе ве убедат дека сме во право:
1. Морската пештера Бенагил
Оваа живописна пештера се наоѓа близу рибарското гратче Бенагил. Нуди романтична прошетка покрај сликовит пејзаж, кристално чисто море и сино небо. До пештерата можете да дојдете со брод, кајак или со пливање.
2. Азорските острови
Азорските острови се група од 9 спектакуларни острови чија убавина ќе ве остави без здив. Секој остров нуди единствено доживување: можете да пливате со делфини, да набљудувате китови, или да уживате во традиционална жива музика.
3. Авеиро
Авеиро е шармантен град кој крие тајни на секој чекор. Познат како „португалската Венеција“, овој град се состои од мали канали, мостови и шарени куќи.
4. Островот Мадеира
Мадеира е егзотичен и магичен остров познат по својата тропска клима и доброто домашно вино.
5. Кабо де Рока
Кабо де Рока е најзападната точка на Португалија но и на Европа. Од ова место можете да уживате во прекрасен панорамски поглед на Сера де Синтра и океанот. До крајот на XIV век овој ’рт се сметал за крајот на светот, а изолираниот светилник целосно допринесува за таквиот изглед.
6. Долината Дуро
Овој магичен крај ги произведува некои од најдобрите вина во светот. Овде можете да уживате во прекрасната зелена речина долина и во одличните домашни вина.
7. Националниот парк Пенеда Жереш
Жереш е единствениот национален парк на Португалија кој зафаќа површина од 702,9 квадратни километри. Недопрената природа е одлично место за планинарење, кампување или посета на локалните селца и уживање во вкусната храна.
8. Синтра
Синтра е прекрасен португалски град кој се наоѓа западно од Лисабон. Заштитен е од страна на УНЕСКО како дел од Светското културно наследство и е познат по архитектурата од 19-от век.
9. Капелата на коските, Евора
Ова во кое гледате не е сцена од некој хорор филм - туку ѕидови и столбови кои се направени од черепи и коски. Оваа капела била изградена од страна на францисканците како одговор на недоволниот простор на градските гробишта.
М. С. | Црнобело