Фантастични приватни острови
Кој не сака свој приватен остров? Секако, за најголем број смртници ова е само сон кој ќе остане неисполнет. Од друга страна, кај оние кои можат...
...да си дозволат, расте трендот за купување острови.
Ова се најмалите населени островчиња, па ако се решите да купувате нешто слично, еве како треба да изгледа.
1. Dunbar Rock, Honduras
Ако некогаш се најдете во Хондурас, задолжително отпловете до овој остров. Иако не можете да го прошетате, вреди да се види барем од околу. На него има место за една вила со 6 соби, која е доволна за уживање со најблиските.
2. Непознат имот на Les Cheneaux Islands
Идилична куќичка на совршено место за веслање, едрење и риболов. Островот изгледа како совршено место за бегање од секојдневните проблеми.
3. Clingstone, Rhode Island
Огромна куќа со летниковец и дворец. 23 соби на 3 спрата. Во 1961 година, оваа куќа е продадена за само $3.000 долари.
4. Just Room Enough, 1.000 Islands
Самото име зборува за оваа куќичка. Сместена на реката St. Lawrence, на која се наоѓаат збир прекрасни острови. Преслатка е и секој би ја посакал.
5. Las Isletas, Nicaragua
Las Isletas е архипелаг кој се состои од 365 мали острови. Оваа куќичка е во сопственост на локален рибар. Можеби би можеле да ја откупите по поволна цена?