Како да не ги навредите домаќините во земјата во која патувате?
Кога ќе се најдеме во странство, односно на непозната територија не секогаш знаеме како да се однесуваме, со цел да не ги навредиме домаќините.
Во зависност од тоа каде планирате да биде вашето следно патување, имајте ги на ум овие неколку правила:
Индија
Во Индија гостите се сметаат за божји сенки, а во знак на добредојде домаќинот ќе ви понуди чаша вода која треба задолжително да ја испиете, а бакнувањето со домаќинот не се препорачува. Во текот на оброкот треба да знаете дека „Не, благодарам” не значи одбивање на храната, бидејќи домаќинката и понатаму ќе ви додава храна во чинијата. За да престанете со јадењето треба да одбиете на тој начин што преку гестикулации (мавтање со раце, покажување кон стомак) ќе покажете дека сте сити.
Велика Британија
Ако одите на гости некаде во Велика Британија, тогаш треба со вас да однесете многу алкохол, бидејќи едно шише никогаш не е доволно. Исто така, штом планирате да одите некаде на гости, сметајте дека домаќинот ќе очекува претходно задолжително да се најавите.
Италија
Во Италија е задолжително да го изедете целиот оброк, па затоа немојте да одите таму ако сте на диета. Ако ви понудат тестенини, никако не барајте лажичка, освен ако не ви послужиле некој специјалитет во вид на чорба.
Канада
Во Канада ќе покажете дека сте добро воспитани ако му помогнете на домаќинот да ја среди кујната после оброкот. Во оваа земја, најчесто вечерата се завршува во кујната.
Германија
Германците нема да ви простат ако доцните. Секое доцнење подолго од 15 минути во Германија се смета за знак на непочитување.
Мароко или Тунис
Во овие земји не носете на подарок алкохол, ако не сте сигурни дека домаќинот пие. Алкохолот може да биде сфатен како навреда, затоа е подобро да купите слатки.
Грција
Ако одите на гости во Грција, задолжително однесете алкохолен пијалак, торта и цвеќе во саксија, кое домаќините ќе го постават на нивната цветна тераса.
Шпанија
Во Шпанија вечерата секогаш се закажува во 21 часот или подоцна, но никогаш порано. Подгответе се за многу пиење во текот на вечерата и подгответе теми за разговор, бидејќи ако настапи тишина подолга од 10 секунди, се смета за пропадната вечер.
Бразил
Во Бразил доцнењето не се смета за навреда, па затоа треба да задоцните. Пожелно е гостинот да се однесува како дома, да помага при готвење и миење на садови после вечерата.
Јужна Кореја
Кога ќе влезете во домот на домаќин од Јужна Кореја не заборавајте уште од влезната врата да го пофалите уредувањето на куќата или станот. Дури и да не ви се допаѓа храната, сепак морате да ја пофалите и да се потрудите сѐ да изедете, во спротивно можете да го навредите домаќинот.
Аргентина
Во Аргентина не смеете да си отидете од било каде сѐ додека не го испиете кафето после јадењето.
Мексико
Кога Мексиканец ќе ве повика на вечера, имајте на ум дека ќе јадете како утре да е крај на светот. Во оваа земја дружењата на гости некогаш траат и до утринските часови, затоа не брзајте да си одите.
Куба
Во оваа земја насмевката ја игра главната улога. Кога сте на гости секогаш бидете насмеани, без разлика на сѐ.