12 причини зошто да оставите сè и да одлетате до Милано

Познат како еден од најхаотичните, а сепак најпрекрасни градови во Италија, Милано нуди многу повеќе од било кој друг град - од највкусни италијански специјалитети, преку мали и тесни улички со посебен шарм, па сè до историски градби кои може да ги гледате со часови, денови, месеци...

12-pricini-zosto-da-ostavite-se-i-da-odletate-do-milano-001.jpg

Таму има од сè по нешто, за сечиј вкус, по сечија мерка... А, ако ви требаат дополнителни причини зошто да одлетате со првиот авион до Милано, ви нудиме 12:

1. Чувствувајте се како крал на светот од покривот на Дуомо. Нека не ве мрзи да искачите 150 скалила и да го истражите градот од поинаков агол.

12-pricini-zosto-da-ostavite-se-i-da-odletate-do-milano-01.jpg


2.
Купете карта за балет во Teatro alla Scala. Таму уметноста има поинаква убавина.

12-pricini-zosto-da-ostavite-se-i-da-odletate-do-milano-02.jpg


3.
Фотографирајте ја уличната уметност. Ќе налетате на најмалку стотина уникатно изгравирани тераси и цвеќиња кои претходно не сте ги виделе.

12-pricini-zosto-da-ostavite-se-i-da-odletate-do-milano-03.jpg


4.
Не заборавајте да отидете на аперитиво. И секако да пробате чашка Негрони.

12-pricini-zosto-da-ostavite-se-i-da-odletate-do-milano-04.jpg


5.
Неделното утро поминете го во близина на Navigli античкиот пазар. Атмосферата е неповторлива во било кој друг ден од неделата.

12-pricini-zosto-da-ostavite-se-i-da-odletate-do-milano-05.jpg


6.
Ручајте рижото ала миланезе и парче особуко - парче месо подготвено на италијански начин во бело вино.

12-pricini-zosto-da-ostavite-se-i-da-odletate-do-milano-06.jpg


7.
Влезете на стадионот Сан Сиро. Тука повеќе не е важно за кого навивате.

12-pricini-zosto-da-ostavite-se-i-da-odletate-do-milano-07.jpg


8.
Откријте го вистинскиот вкус на панцеротите. Никако не си заминувајте без да го вкусите миксот на моцарела и домати.

12-pricini-zosto-da-ostavite-se-i-da-odletate-do-milano-08.jpg


9.
Избегајте од реалноста во мирната улица Брера. Со голем број на ресторани и мини галерии, Брера ќе ве натера да заборавите на времето.

12-pricini-zosto-da-ostavite-se-i-da-odletate-do-milano-09.jpg


10.
Вкусете го најслаткиот сладолед подготвен по италијански традиционален рецепт.

12-pricini-zosto-da-ostavite-se-i-da-odletate-do-milano-10.jpg


11.
Прошетајте по Via Montenapoleone и via della Spiga. Не мора ништо да купувате, доволно е да го вдишете гламурот.

12-pricini-zosto-da-ostavite-se-i-da-odletate-do-milano-11.jpg


12.
За крај, вратете се во 21-от век на плоштадот Gae Aulenti и уживајте во модерната страна на Милано.

12-pricini-zosto-da-ostavite-se-i-da-odletate-do-milano-12.jpg

Би можело да ве интересира:

Уличната уметност и шармантните мурали низ улиците на Брисел Сакам да ве прашам нешто. Дали сте љубители на улична уметност?  Сакам д...
7 ресторани во Врање кои може да ги посетите кога одите на еднодневна тура Ресторани на отворено со двор, ресторани со игралиште за деца, или со рустичен и...
Кафе и лежалка 4 евра, гиро 4 евра – Како се движат цените на плажа во Неи Пори во 2024? По празникот Духовден и споениот викенд, туристите во Неи Пори велат дека веќе г...
Котор, Скопје: Градови кои имаат стари делови што зрачат со магија (и се совршени за есенска дестина... Старата скопска чаршија е како спој на разни култури и националности и до денес ...
Топ 10 плажи во Италија за оние кои сакаат филмски одмор Плажа помеѓу карпи, во шармантни италијански градови или под брдести селца со гр...
Најпознатите (и најзначајните) градби ширум светот Пирамидите во Египет се како симбол на древен Египет кој ја покажува моќта, но и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg