Kои се 10-те најсреќни земји во светот?

Иако во секоја земја има одредени проблеми и некои маани, сепак, има  и такви кои и покрај сè може да се издвојат како најсреќни за живеење.

ova-se-10-te-najsrekni-zemji-vo-svetot-01

Според просекот за најдолг животен век, застапеност на домашно производство, социјална поддршка, односите на луѓето, слободата за правење извори и ниското ниво на корупција, одредени се 10-те најсреќни земји во светот.

1. На прво место меѓу најсреќните земји се наоѓа Данска, особено градините Tivoli и кралската градина во замокот Rosenborg каде локалните жители одат на пикник.

ova-se-10-te-najsrekni-zemji-vo-svetot-11.jpg


2.
Втора е Норвешка во чијшто главен град, Осло, може да уживате во некој од најдобрите ресторани Ylajali, Statholdergaarden, Fauna или Maeemo. Но, доколку сакате да уживате во природните убавини на Норвешка, тоа може да го направите во Националниот парк Dovreflell, во истоимената планина.

ova-se-10-te-najsrekni-zemji-vo-svetot-2.jpg


3.
Швајцарија е третата најсреќна земја каде во градот Зермат може да се ужива на долгите скијачки терени. За порелаксирано доживување може да го посетите селото Апензел во кое нема пристап за автомобили, може да планинарите, да шетате или да уживате во топла бања и алпско сирење.

ova-se-10-te-najsrekni-zemji-vo-svetot-3.jpg


4.
Холандија е најубавата земја во пролет кога сите цвеќиња се расцветани. Ја посетуваат луѓе од цела Европа за да ги видат најпознатите лалиња во светот. Посетителите може да шетаат низ градовите со велосипеди и да уживаат во глетките.

ova-se-10-te-najsrekni-zemji-vo-svetot-4.jpg


5.
Стокхолм е еден од најголемите градови во Шведска, а и во Европа каде го има првиот урбан национален парк во светот, Royal National City Park. Ако сакате помирни места тогаш читање книга во Kosterhavet Marine National Park е идеално место за релаксација. Но, каде и да сте мора да пробате фика, да направите кафе пауза и да се дружите со Швеѓаните.

ova-se-10-te-najsrekni-zemji-vo-svetot-5.jpg


6.
Да се најдете во Националниот парк Banf е една од најсреќните околности. Таму може да го проверите првиот ски-центар во Канада, Skoki. Може да ги посетите и островите Haida Gwai познати како Queen Charlotte. На само 2 часа летање од Ванкувер може да откриeте разни активности кои може да ги правите во Канада и да се чувствувате среќно и исполнето.

ova-se-10-te-najsrekni-zemji-vo-svetot-6.jpg


7.
Финска е земјата на Поларната светлина, земјата на Дедо Мраз. Може да спиете во игло или да го посетите крајбрежното гратче Ханко, каде е познато дека е невозможно некој да не е среќен.

ova-se-10-te-najsrekni-zemji-vo-svetot-7.jpg


8.
Музикалната Виена е дел од уште една среќна земја, Австрија. Тука може да уживате истовремено и во современоста, но и во богатото минато и историјата со која дише оваа земја. Нешто што е сигурен поттикнувач на среќата е парче Сахер торта и кафе.

ova-se-10-te-najsrekni-zemji-vo-svetot-8.jpg


9.
Никој кој дошол во Исланд не можел да ја одмине Сината Лагуна. Ако сакате некоја поголема авантура треба да го посетите Националниот парк Snæfellsjӧkull за да го видите глечерот на врвот од активен вулкан, како и масивот со форми од лава и скриени водопади.

ova-se-10-te-najsrekni-zemji-vo-svetot-9.jpg


10.
Австралија е десеттата најсреќна земја во светот каде се наоѓа едно од седумте светски чуда  Големиот Корален Гребен кој е прогласен од УНЕСКО за светско природно наследство и е една од најголемите туристички атракции. Го сочинуваат 3000 помали корални гребени, острови, атоли и лагуни.

ova-se-10-te-najsrekni-zemji-vo-svetot-10.jpg

Би можело да ве интересира:

Најпознатите (и најзначајните) градби ширум светот Пирамидите во Египет се како симбол на древен Египет кој ја покажува моќта, но и...
Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2024 како од бајка – кога да ги посетите? Божиќниот пазар во Будимпешта е избран за најдобар за 2024 кој ќе вреди да го по...
Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
Ненеци, народ кој живее „на работ на светот“: Јадат месо од ирваси, преживуваат и на -50°C Секое семејство има по еден ирвас „домашен миленик“. А ирвасите им нудат на Нене...
Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
„Живеев во Дубаи и го мразам – сите, освен богатите мажи, се третирани како предмети“ „Гледав мажи кои шетаат со три по сопруги кои изгледаа мизерно. Ме бомбардираа с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg