Не сите луѓе кои прашуваат за правец, се изгубени!
Патувањето е секогаш предизвик за некои луѓе кои сакаат постојано да откриваат нови нешта, да запознаваат култури, да наоѓаат загубени богатства...
Доколку и вие сте едни од тие луѓе, сигурно ќе ги разберете овие цитати пооврзани со патување, кои не секој човек е способен да ги разбере.
- Луѓето не прават патувања, патувањата ги прават луѓето.
- Светот се менува на секои 100 метри, затоа следете ги нивните стапки.
- Светот е книга, а тие што не патуваат, ја читаат само првата страна.
- Париз е секогаш добра идеја, како и секоја друга дестинација кога немате идеја каде да заминете, но сакате да заминете.
- Никој не ја знае вистинската убавина на патувањето сè додека не се врати изморен од него, легнувајќи на својата стара, добра перница.
- Не треба секогаш да го следите патот кој има правец, понекогаш треба да следите пат без правец и вие да го поставите патоказот.
- Сите патувања дури и оние од милион милји, започнале само со еден чекор.
- Авантурата можеби ќе те боли, но монотонијата ќе те убие!
- Не сте биле секаде во светот, но означете на својата мапа дека сакате да отидете секаде.
- Дестинацијата не е место на кое се пристигнува, туку нов начин на гледање на нештата во светот.
- За дваесет години ќе се каете повеќе за местата кои не сте ги посетиле отколку за местата кои сте ги посетиле, затоа куферите во раце и истражувајте, сонувајте, откривајте!
- Ништо зад мене, сè пред мене, но сепак истото се наоѓа на еден пат кој мора да се изоди, рекол еден турист и продолжил со патувањето наречено живот.
- Изгрејсонцето и залезот не се исти кога се гледаат од другата страна на светот.
- Не сите луѓе кои прашуваат за правец, се изгубени!