Најголемиот базен во светот (фото)
Одморалиштето Сан Алфонсо дел Мар во Чиле одамна е познато по прекрасните песочни плажи, но изминативе неколку години е туристичка атракција заради најголемиот базен во светот кој е сместен токму таму.
Неговите димензии се рекордни, односно џиновскиот базен е долг 1.013 метри, а има капацитет од 250.00 кубни метри вода.
Најголемата длабочина е 35 метри, па токму затоа во него можат да пловат и помали бротчиња.
Базенот е отворен од декември 2006-та година и од тогаш е впишан во Гинисовата книга на рекорди.
За него се користи компјутерски контролиран систем за филтрирање, а водата најчесто се одржува на температура од 26 степени.
Додека го дочекаме летото, уживајте во кристалната лагуна низ неколку фотографии: