Најубавите мали и скриени гратчиња во светот
Некаде помеѓу недопрената природа и ненаселените долини, покрај бреговите или далеку од урбаните големи градови сместени се мали гратчиња и села.
Во нив можеби не живеат илјадници жители и не се преполни со туристи, немаат познати атрактивни места, но сепак, имаат нешто посебно.
Тоа се оние мали дестинации кои знаат да освојат на прв поглед, а кои само малкумина случајно ги откриваат.
Ова се 10 мали гратчиња и селца кои вреди да ги посетите ако можете:
1. Гармиш - Партенкирхен, Германија
Овие две села се сместени на околу 3000 метри надморска висина на планината Цугшпице. Се смета дека постојат уште од римско доба, а поврзани се преку Зимските олимписки игри.
2. Село Данба, Тибет
Ова село единствено е достапно ако одите пеш или со коњ и магаре. Се наоѓа на сред Хималаи, а изградено е како поддршка на еден од бројните околни замоци.
3. Реине, Норвешка
Ова мало рибарско место се наоѓа на прекрасниот арктички остров Москенесеј. Има 329 жители, а своевремено било прогласено за најубаво село во Норвешка.
4. Гасадалур, Фарски Острови
Фарските Острови се сами по себе далечни и недоволно познати, но ако се одлучите да го посетите ова село, знајте дека во него живеат само 18 жители.
5. Колмар, Франција
Ако сакате да ја посетите Франција, но да го избегнете Париз, а притоа да уживате во доброто вино, ова место е за вас. Колмар постои уште од далечната 1200-та година, а поради мостовите и богатството го носи прекарот „Мала Венеција“.
6. Блед, Словенија
Ако досега не сте биле, ова е најблиското место кое мора да го посетите. Прекрасната природа, убавото езеро, богатата историја се само некои од добрите причини за да тргнете на тој пат.
7. Халштат, Австрија
Ова место е толку убаво, што еден кинески бизнисмен направил негова реплика во Кина. Едно од најстарите населени места во Австрија кое постои веќе 7000 години.
8. Бибури, Англија
Ова е место на кое штом дојдете ќе посакате да останете или да може да го спакувате и да си го донесете поблиску. Веројатно ќе се почувствувате како да сте дел од некоја нереална бајка.
9. Ѓореме, Турција
Ѓореме е всушност музеј на отворено во кој ќе пронајдете бројни куќи, самостојни, но и цркви изградени во карпи. Тука се наоѓа и подземен град со дури 6 ката под површината. Изгледа прекрасно.
10. Пучишча, Брач, Хрватска
Ако сте слушнале за познатиот брачки камен, тогаш ова е местото од кое потекнува. Тоа е најквалитетниот градежен камен во светот, па дури и претседателот Обама ужива во неговата убавина во Белата куќа.