Сите нијанси на Санторини - еден од најубавите острови во светот

Покрај класичната грчка сино-бела бајка, Санторини е единствениот остров на кој портокаловите и црвени земјени нијанси се мешаат со жолтото сонце, зелените површини и пастелните фасади.

site-nijansi-na-santorini-01.jpg

Санторини е некогашен вулкан, и тоа многу активен, сместен 300 километри југоисточно од Атина.

Самата мешавина од карпи и сол ја создала фантастичната палета од бои и нијанси по кои е препознатлив овој грчки остров.

Тука грчката култура на живеење е доведена до хедонистички врв. Нешто што не се пропушта е дегустацијата на врвни локални вина, бројни салати и морски плодови.

site-nijansi-na-santorini-02.jpg

Дури и плажите на Санторини доаѓаат во многу облици и бои. Всушност, мапата на плажи е распоредена по боите - Црвена плажа, Бела плажа, Црна плажа...

Санторини е едно од ретките места каде можете буквално да лежите на лава. Плажите со црн и топол песок се туристичка атракција која не смее да ја пропуштите, а воедно се и неверојатно мирни и тивки дури и во врвот на сезоната.

site-nijansi-na-santorini-03.jpg

Што се однесува до урбаната страна и самата градба, ако се упатите кон Санторини и прошетате низ најпознатото туристичко место Оиа, сигурно ќе искачите неколку илјадници скалила за само неколку дена.

За крај, пронајдете си го омиленото место и дозволете му на зајдисонцето да го финишира ова прекрасно патување.

Би можело да ве интересира:

Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
„Песок мек како брашно, тиркизна вода“ – Најубавата плажа во Анталија, според српска патувачка блоге... „За да стигнете до плажата, морате да се спуштите по 200 скали, но вреди“ – вели...
Ресорт направен како реплика на Санторини е хит во Кина (фото+видео) Во кинеската провинција Јунан, има ресорт кој е како реплика на Санторини, а бид...
Бев на градска плажа во Дојран – Како си поминав и како се движат цените годинава? Температурата на водата е исклучително топла, но пак успеавме да се разладиме. Ц...
10 причини да го посетите грчкиот остров Крф Богата историја со многу знаменитости, архитектура во венецијански стил која ќе ...
Локал близу IKEA во Солун со коктел бар, плажа и детско игралиште - за со друштво или со деца (фото)... На излезот од Солун, во близина на IKEA се наоѓа Ergon Agora, уникатен локал кој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg