12 причини зошто веднаш да се преселите во Норвешка

Норвешка е прогласена за најдобра земја во светот каде може вистински да уживате во староста.

12-pricini-za-vednas-da-se-preselite-vo-norveska-01

Оваа скандинавска земја има добиено највисоки оценки во 4 категории, како безбедноста, здравствениот статус, погодната околина и прилагодливоста.

Сепак, ако сè уште немате доволно причини за да заминете, овие 12 сигурно ќе ве убедат:

1. Сите кои се постари од 67 години добиваат месечна пензија од $1012 долари.

2. Норвешка троши близу 5 % од вкупниот бруто домашен производ за исплаќање на постарите лица.

3. Животниот век во Норвешка и до 84 години во просек, а луѓето вообичаено до 77 години немаат некои посебни здравствени компликации.

4. Норвежаните речиси и немаат невработени бидејќи 7 од 10 луѓе на возраст од 55 до 64 години се со полно работно време.

12-pricini-za-vednas-da-se-preselite-vo-norveska-1.jpg

5. Дури 99,4 % од Норвежаните над 60 години имаат високо образование. Таму факултетите се бесплатни.

6. Но, не се бесплатни само факултетите, туку и влезот во музеите. Може да влезете колку пати сакате и да разгледате некои од најзначајните уметнички дела, без да платите ништо.

7. Системот кој функционира за начинот на одгледување на децата им овозможува на родителите да се погрижат за нив, па да се вратат на работа, поради што бабите и дедовците не се задолжени да ги чуваат внуците.

8. Со оглед на тоа што 20 % од вкупната популација има над 60 години, Норвешка овозможува најразлични програми и промоции токму за своите повозрасни граѓани.

12-pricini-za-vednas-da-se-preselite-vo-norveska-2.jpg

9. Луѓето над 67 години плаќаат половина цена за билети во јавниот транспорт, вклучувајќи го и меѓународниот сообраќај.

10. Во Норвешка не мора да се грижите за гужвите во сообраќајот, затоа што само околу 50 % од Норвежаните имаат свој автомобил.

11. Според истражувањето на Светската здравствена организација, спроведено во 2013 година, помалку од 30 % од Норвежаните над 70 години се чувствуваат осамено, тажно или депресивно.

12. Се претпоставува дека сето ова е поради тоа што 89 % од луѓето над 50 години имаат пријатели и роднини на кои може да сметаат во секое време.

12-pricini-za-vednas-da-se-preselite-vo-norveska-3.jpg

Би сакале веднаш да се преселите во Норвешка?

Би можело да ве интересира:

Ненеци, народ кој живее „на работ на светот“: Јадат месо од ирваси, преживуваат и на -50°C Секое семејство има по еден ирвас „домашен миленик“. А ирвасите им нудат на Нене...
„Живеев во Дубаи и го мразам – сите, освен богатите мажи, се третирани како предмети“ „Гледав мажи кои шетаат со три по сопруги кои изгледаа мизерно. Ме бомбардираа с...
Најпознатите (и најзначајните) градби ширум светот Пирамидите во Египет се како симбол на древен Египет кој ја покажува моќта, но и...
Бев на градска плажа во Дојран – Како си поминав и како се движат цените годинава? Температурата на водата е исклучително топла, но пак успеавме да се разладиме. Ц...
Места во Македонија кои ми недостигаат: Селото во кое израснав, манастирот кој ми носи мир Кога подолго време не живееш во родната земја често ќе се најдеш во ситуацијата ...
Плажата која ги победи Малдиви за „најсино море“ се наоѓа во Албанија - на 270km од Скопје Чиста тиркизна вода, волшебен поглед, светол песок... Плажата на огледалата (Pas...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg