Рајска вила на Сицилија (фото)
Вилата изградена уште во 1737 година, некогаш била дом на аристократско семејство, сè додека во 2007 година не ја откупиле двајца ентузијасти.
Само 1 година подоцна започнало нејзиното реновирање која денес важи за една од најпрекрасните во Европа.
Комплексот се состои од неколку вили поврзани со скалила и тераси. Секоја прошетка низ него открива ново, прекрасно катче во кое секој гостин може да го пронајде сопствениот мир.
Во склоп на неколкуте вили влегуваат 10 пространи соби уредени во комбиниран стил од модерен и кралски мебел.
Комплексот располага и со 2 базени со топла вода. Во близина на надворешниот базен има удобни лежалки свртени со поглед кон црквата Свети Бартоломеј, додека до внатрешниот базен има прекрасна трпезарија.
Таму секојдневно се подготвуваат славните, италијански тестенини, а вкусниот оброк задолжително се комбинира со бирани сортни вина.
Се прашувате како би изгледал само еден ден во оваа рајска вила?