Од брокер до писател: За 1000 дена го обиколил светот само со 1000 евра
Томислав Перко (29) од Загреб, Хрватска, некогаш бил успешен брокер, постојано во потрага и трка по пари. Кога имате таква работа не можете ни да замислите дека еден ден би го помилувале денот со помалку од 10 евра.
Можеби ви се чини дека нема шанси да се откажете од таквиот живот, но Томислав го направил она што му го променило животот.
Тој успеал за околу 3 години да ја заобиколи целата земја, а единствена обврска која ја имал е секојдневно да ѝ се јавува на мајка му за да знае дека е добар.
Тргнал на 10 септември 2011 година, прва станица му била Белград. Спиел на изнајмен кауч, а се превезувал со стопирање.
Она што е интересно од целото патување е тоа што успеал да реши многу предрасуди кои ги имаат луѓето.
Каде и да тргнел кога ќе му кажел на некого која му е следна дестинација, речиси за на сите места коментарот на луѓето бил: „Каде ќе одиш таму, знаеш какви се тие...“
Спротивно на тоа, тој продолжувал да оди, да се запознава со различните земји, култури и народи, а истовремено и да ги руши сите тие предрасуди.
Каде и да одел наоѓал добри луѓе кои му помагале и кои воопшто не биле такви како што му ги претставувале останатите.
Тој докажува дека луѓето не треба да се делат според националност или религија, туку само на добри и лоши, бидејќи во секоја земја има и од едните и од другите.
Среќавајќи се со луѓе во различна состојба, знаел дека треба да се приспособи на условите во кој се наоѓа.
Кога ја напуштил работата како брокер, открил дека не е сè во парите, па на патувањето земал само 1000 евра. Решил дека треба да се снаоѓа според ситуациите кои ќе му ги донесе самото патување.
Заработувал од различни работи, но никогаш не си дозволувал да потроши повеќе од 10 евра од она што го заработува.
Единствено во Австралија успеал да заработува и по 20 долари од час. Таму успеал за 13 дена да заработи толку, колку што го чинело 8-месечно патување.
Најчесто се превезувал стопирајќи по улици, но еднаш успеал да стопира и едрилица во Индискиот Океан и со неа патувал 45 дена.
Не се плашел да стопира ни во опасните земји. Газдата во еден хотел во Ирак му дозволил бесплатно да преноќи на место каде имало оставено митралез, но ништо страшно не му се случило.
Готвел, спиел, стражарел навечер, а во слободно време ја читал „Господар на прстените“, по десетти пат.
Во Кенија му се придружил и неговиот татко со кој отишол на сафари, а пред крајот на патувањето, во Венеција му се придружила и неговата мајка. Неговото патување завршило пред два месеци во Латинска Америка.
Единствено не успеало да ја посети Северна Америка, но наскоро и тоа ќе го направи бидејќи оттаму му било понудено да сними реално шоу додека патува и стопира.
Откако се вратил, во Белград одржал предавање за тоа како да се патува со малку пари. Ја напишал и книгата „1000 дена пролет“.
Би тргнале некогаш на вакво патување?